Travel AdvisorTravel Advisor

Од Москва па скоро до Токио

Наместо увод да ве информираме дека најдолгата железничка рута на светот е за луѓе кои се сепак наклонети кон авантуристичкиот туризам бидејки патувањето со воз од Москва па скоро до Токио е за туристи на кој авантурата им е пред се , а ако веќе сте решени, нема друг избор тоа е : 

Трансибирската железница

Трансибирската железница е мрежа на железници што ја поврзуваат Москва со рускиот Далечен Исток.  Со должина од 9.289 километри , од Москва до Владивосток, таа е најдолгата железничка линија во светот. Во Монголија, Кина и Северна Кореја се разгранува и низ тие земји. Таа ја поврзува Москва со Владивосток од 1916 година и сеуште се проширува.

Се разбира почетната станица е Москва

 

Главната траса на Трансибирската железница започнува во Москва во Yaroslavsky Vokzal

Потоа поминува низ Јарослав, Челјабинск, Омск, Новосибирск, Иркутск, Краснојарск, Улан-Уд, Чита и Хабаровск до Владивосток преку јужниот дел на Сибир.

Втората алтернативна маршрута е Trans-Manchurian, поминува источно од Каримскоје, (во Чита област), околу 1.000 километри источно на Бајкалското Езеро. Од Тарска,  преку Харбин и Мудањинг во североисточните провинции на Кина (од каде што врската со Пекинг ја користи еден од московско-пекингиските возови), се приклучува на главната рута во Уссуриск северно од Владивосток.

На 11 јануари 2008 година, Кина, Монголија, Русија, Белорусија, Полска и Германија се согласија да соработуваат за услугите на возови меѓу Пекинг и Хамбург.

На рутата Москва-Владивосток возот прави пауза од 20-30 минути на секои 3-4 часа. Секој може да излезе од возот, а секогаш има луѓе на перонот кои нудат различни свежи јадења (јајца, риба, сирење, леб, овошје, месо) а честопати и некои пијалаци за патниците. Цените се ниски но само руски рубли се прифаќаат како платежно средство.

Можеме да ви ја препорачаме  пушената риба (Омул) што се продава на брегот на Бајкалското Езеро (станица: Slyudyanka, брзо застанување, па бидете брзи). Некои од поголемите станици  имаат продавници за мешани производи каде можете да набавите храна и закуски.

Многу од возовите имаат вагон-ресторан (но со исклучително скапа храна и пијалоци),  ако пак не зборувате  руски, нарачката на храна ќе ви биде исклучително искуство, може да се каже. Храна и пијалоци се продаваат и во киосци на пероните, но обично е два пати поскапа. За да добиете добра цена, почекајте станица каде возот прави пауза од  20-30 минути и излезете од железничката станица, обично има многу киосци или мали продавници  надвор, нудејќи поширок избор на производи со реални цени.

Бидејќи во секој вагон има „самовар“ (топла вода), ваш најдобр избор е да имате готова (сува) супа и Нескафе. Во вагоните често минуваат луѓе вработени во дадената компанија кои нудат ладни пијалоци, закуски, па дури и замрзнати  оброци  за продажба, но со малку надуени цени.

Вреди да знаете некоја основна руска фраза бидејќи е мала веројатноста некој од луѓето да знаат англиски, а чајот и кафето што ќе ви ги испорачат нема да дојдат со млеко или шеќер, освен ако не ги побарате посебно.

Патувањето по патот Москва-Владивосток се чини дека е многу безбеден, особено ако патувате во групи од четири или повеќе луѓе. Тогаш ќе добиете посебна кабина со четири кревети . Секој вагон има еден или двајца вработени кои ги проверуваат билетите, го чистат, се грижат за врела вода итн.

Кабините може да се заклучат однатре со две брави. Еден може да се отвори од надвор со посебен клуч, другиот не може да се отвори однадвор, а кога е заклучен, вратата ќе се отвори малку.

Можеме да кажеме дека за авантуристичко патување најдолгата железничка траса на светот е вистинска провокација за лугето кои уживаат во таков вид на туристичко патување.

Travel Advisor – патувања

Посетете го нашиот канал на YouTube

Мадеира-рајскиот остров

Некои од најфотографираните места во светот

Како да се стигне до Мачу Пикчу

Previous articleНаскоро руски вселенски хотел *****
Next articleФото албум-јужна Америка , „како да сте на друг континент“ :)