Највисоката статуа на светот конечно e откриена. Потребни беа осум години од денот кога идејно беше замислена, па до моментот кога Статуата на единство, која стои на 182 метри висока, беше откриена во Гуџарат, најзападна држава во Индија.
Статуата била изградена во чест на борецот за слобода и првиот министер за внатрешни работи на Индија, Сардар Валабхабхај Пател, на неговиот 143-ти роденден. Потребни се четири години да се изгради и е двојно поголема од Статуата на слободата во Њујорк во САД. Таа стои на островот Садху на реката Нармада и го отсликува Пател носејќи традиционална облека и шал.
Посветувајќи ја статуата на нацијата, премиерот Нарендра Моди рече:
„Статуата на Единство е одговор на сите оние кои го доведуваат во прашање постоењето на Индија. Висината на статуата е да ја потсети младите дека иднината на земјата ќе биде толку голема како оваа статуа. Тоа е исто така симбол на нашиот инженеринг и технологија со која располагаме“
Премиерот Моди му припишал и голема заслуга на Сардар Валабхај Пател за обединувањето на Индија:
„Ако Сардар Пател не ја обединил земјата, ќе ни требаа визи за да видиме лавови или да му оддадеме почит на Сотнат или да го погледнеме Шарминерот во Хајдерабад. Пател ја претворил различноста на Индија во своја најголема сила. Земјата денес го следи патот што го покажува Пател и се движи кон најголема економска и стратешка моќ во светот.“
Статуата чини 2,89 милијарди рубли и земала 42 месеци за да се изгради. До статуата е и хотелот Shrestha Bharat Bhavan, со 52 соби и три ѕвездички изграден за да им служи на посетителите.