Спа и велнес туризамот го става вашето здравје и благосостојба во центарот на вашето патување. Здравствениот туризам треба да вклучува здрава храна, вежбање, спа третмани и можности да ја доживеете или проширите вашата духовност и креативност. Добрите водачи низ спа и велнес ве учат како подобро да се грижите за себе, физички, психички и духовно. 5-те најдобри бањи во светот:
One&Only Le Saint Géran, Mauritius
Можеби ќе ве изненади овој факт но најубавите и комплексни спа центри се сместени на Mauritius, овде сите природни пресечни точки на еден добар спа и вилнес центар се допираат, ако ги додадеме и специфичните филозофии на овие далеки цивилизации и нивниот однос кон животот немој да се изненадите дека најдобрите спа центри со масажи, вежби, сите специфични по својата филозофија се наогаат баш на Mauritius. Ќе го издвоиме само хотелот One&Only Le Saint Géran и во понатамошниот текст ќе направиме споредба со неколку други спа центри низ светот. Овој хотел одамна е омилен Tatler, но сега е реновиран и уште повеќе блеска во својот сјај, што ќе ве натера да го засакате повеќе од кога било. Во прекрасниот спа центар има третмани со ESPA балансирање на чакри, а има и масажи на chic yacht , плус бескрајно многу активности за да ве задржат среќен.
BollAnts Spa im Park, Germany
Ова семејно спа е пакет со моќено влијание : мешавина од активности, фитнес и прекрасен третман со кал за зголемување на имунитетот и циркулацијата. Тоа ќе ви изврши детоксикација од глава до пета и од внатре и од надвор.
SHA Wellness Clinic, Spain
Овој елегантен спа во јужна Шпанија нуди сеопфатен „ресет“ на вашето тело и дух. Не постои подобро место за да се добие теоретско и практично разбирање за тоа како вашиот ум влијае на вашето тело.
Les Prés d’Eugénie, France
Прекрасен, смирувачки,дворец со велнес и вода, каде е вообичаено да се служи специфична (нискокалорична) храна во споредба со која било што сте ја јаделе. Тоа може да ве трансформира за само три дена со мал напор од ваша страна во сосема друга личност.Спа што на секој му представува задоволство.
Chablé, Mexico
Оваа бања е изградена околу , сончева, миризлива, оаза за лекување опкружена со градини од џунгла во кои живеат големи популации на пеперутки, тропски птици и игуани. Целото место е љубезно писмо од природата кон славењето на животот.
ОДМОР ОД СОНИШТАТА НА ОСТРОВОТ МАУРИЦИУС СО Т.А. АТЛАНТИС