Travel AdvisorTravel Advisor

Најубавите градови во Европа

Престижниот американски магазин – “Travel and Leisure” ги објави резултатите од истражувањето “Најубавите градови на Европа”. Ако мислите дека знаете кој победи, можеби ќе бидете изненадени од изборот.
Анкетираните во анкетата коментирале дека Италија претставува лулката на западната цивилизација и е земјата која ги следи модерните текови. Рим кој е главен град на Италија има сè: историја, културно наследство, религија и храна.

Читателите гласаат секоја година. Изборот може да покаже тренд каде и како сакаат луѓето да патуваат. Градовите се оценуваат според критериуми како што се: понудата од областа на културата, спомениците и градбите, храната, ставовите на локалните жители кон туристите, шопинг и вкупниот трошок. Првите две места од рангирањето припаѓаат на италијанските градови.

Истанбул го освои третото место, што е неговиот најдобат резултат досега. Тероризмот брзо се заборава, бидејќи разните понуди што Истанбул ги нуди се толку богати што многумина сакаат да го посетат.

Два португалски градови се многу високо на листата. За некое изненадување, но секако заслужено. Тоа се Порто и Лисабон. Овие градови имаат многу добар туристички впечаток и патниците ги сакаат. Исто така многу добро се застапени на социјалните мрежи. Причините за високите позиции при рангирањето се неколку: директните летови од САД, добрите вина и добрите цени.

Од државите Шпанија е уште подобро претставена затоа што се избрани 4 нејзини градови. Од нив Барселона е највисоко рангирана. Добрата кујна и вино, богатата историја, современата и  модерна архитектура со врвен квалитет и прифатливите цени се главните причини за добриот резултат.

Париз излезе од листата минатата година, но се врати повторно. Не спаѓа во првите десет, но сепак е успех што и покрај турбулентните години и тероризмот, повторно е на списокот.

Интересно е што не постојат градови на листата како Лондон, Виена, Амстердам, Берлин и многу други популарни дестинации. Меѓутоа ова би можело да ни даде идеја за ново патување на поразлична дестинација.

Travel Advisor – Europa

Посетете го нашиот Youtube канал.

Петте најпознати градби во Милано

Декември во Европа – места кои треба да ги посетите

Божиќни саеми во Европа

Previous articleБожиќни саеми во Европа
Next articleДо 2030 година Кина ќе стане најпопуларна дестинација во светот