НЕАПОЛ – град на сонцето и град на светлината

НЕАПОЛ – град на сонцето и град на светлината, родниот град на прочуениот архитект Бернини…Град кој изобилува со култура, театри, оперски куќи, статуи и споменици … Град – музеј на отворено, чие што централно јадро е под заштита на УНЕСКО. Град, за кој што неможе да се раскаже, едноставно МОРА ДА СЕ ПОСЕТИ !!!

НЕАПОЛ – град на сонцето и град на светлината

Помпеа е едно од најголемите археолошки наоѓалишта на светот, остатоци од древниот римски град, кој ерупцијата во 79-та година во новата ера го уништила и прекрила буквално со метарски висока вулканска пепел, поради што овој град останал одлично сочуван.Во 1700 година, бил случајно  откриен. Ископани се голем дел од градбите,  може да се видат куќи, фонтани, форуми, театри, купатила, како и начинот на кој се живеело пред скоро 2000 години.

НЕАПОЛ – град на сонцето и град на светлината

Панорамскиот  разглед на Неапол  и неговите знаменитости се неизбежен дел ако веќе сте во градот: Teatro di San Carlo – галеријата Umberta IPiazza PlebiscitoCastel Nuovo – Кралската палата. Градот е бучен и полн со луѓе, возбудлив во својот хаос, Неапол има се што е потребно да биде град кој треба да се види. Прекрасни градби, одлични музеи и секако да не се заборави и надалеку познатиот гастрономскиот момент.

НЕАПОЛ – град на сонцето и град на светлината

Дали знаете дека Пицата „Маргарита“ го добила своето име по кралицата Маргарита, која го посетила градот во 1889 година и посакала да проба некој неаполски специјалитет. Специјалитетот кој бил направен во нејзина чест е пица која содржи моцарела , сос од домати и ливче босилок – боите на италијанското знаме.

НЕАПОЛ – град на сонцето и град на светлината

Првата пицерија во светот, Antica Pizzeria Port’Alba, е отворена во 1830 година во Неапол. Во слободното време што следи потрудете се да посетите некоја од познатите пицерии , каде што и ден денес се чека ред да се вкуси тоа историско парче Маргарита.

НЕАПОЛ – град на сонцето и град на светлината

Магично вметнат помеѓу синото небо и светло обоената морска вода, Амалфи брегот изгледа како да е создадено од палетата на некој сликар, па буди чувство на воудушевување и нереалност.

НЕАПОЛ – град на сонцето и град на светлината

Во близина на Неапол се наога Соренто – шармантен град кој се протега на долга карпа во прекрасен амбиент на маслинови гранки и лимонови дрвја, со поглед на Везув, јужно од Неапол. Тврдината го дели градот на два дела, стариот град од една страна и приградската област од хотели од другата страна. Позитано е селце со карактеристични колоритни куќи изградени на стрмните морски карпи. Ова место секоја година се наоѓа на сите можни листи на места кои мора да ги посетите.

НЕАПОЛ – град на сонцето и град на светлината

Амалфи е  најпознатото место на овој брег. Од главниот плоштад, каде што се наоѓа градската фонтана, се искачуваат скали кои водат до бронзената врата на катедралата од 11 век, што го дава главниот печат на овој симпатичен град. Во криптата на катедралата лежи нејзиниот покровител, апостолот Св. Андреј.

НЕАПОЛ – град на сонцето и град на светлината

Градот Равело, мал град на 350 метри надморска височина и прекрасен поглед кој вечно ќе биде врежан во Вашата меморија. Равело од секогаш привлекувало богати и славни посетители, уметници и уживатели на природните убавини. Ова е уште едно место под заштита на УНЕСКО, како што е и целото Амалфи крајбрежје.

Travel Advisor

YouTube

Топ 10 туристички земји

Рим во јануари

Индија , земја на боите