Travel AdvisorTravel Advisor

Неделна релаксација со хумор и сарказам

Ако има некоја теорија околу која сите научници ,лекари и надрилекари се сложуват тоа е дека „хуморот го продолжува животниот век„ , го намалува стресот , беспрекорен лек за депресија. Еве уште една провокација да се смеете, во последните испитувања на M.E.N.S.A е докажано дека лугето со смисла за хумор имат повисок IQ. Тука некаде се крие и тајната зошто лугето сакат да патуваат , ретко се случува да патувате со добро друштво а сето тоа да не е зачинето со добар хумор.

Насловот на сликата би можел да биде „од Неандерталец до зоонтелефон„ а сосема слободно можете да ја толкувате или да ја насловете како сакате 🙂

Кога некој ќе замине за Париз а тоа не сте вие порачajте сувинир „конзерва Париски воздух„ но внимавајте на специфичните париски знаци.

Французите сепак покрај другите специфичности имат и специфичен хумор.

Во цивилизираната Европа културно ве известуваат каде нешто не е дозволено , наслов смислете си сами 🙂

А некогаш и не толку одамна пред 3-40 години низ Европа се патуваше со комотните застава 750 – фичо кои беа пространи , удобни , сигурни ,климата им работеше беспрекорно и никогаш никој не се жалеше.

Сепак ако патувавте со автомобил некогаш или патувате сега во Европа има поставено „културни„ знаци кои го обележуваат местото за паркинг.

Навистина се е прекрасно обележано.

Во многу текстови и информации за туристичките патувања ќе ве предупредуваат да го планирате времето и просторот многу внимателно , користејќи ја предходната слика „никогаш не постапувајте според неа„.

Патувајќи по светот ќе сретнете секаков вид на храна и ќе мора малку да го прилагодите својот вкус бидејќи никаде јадењето не е исто или исти јадења имаат различни имиња , како во случајот на „чајната банана„.

Едно е сигурно пред велигденските празници гладни нема да останете барем јајца обоени или обични ќе има на секаде.

Ако сте на море и веќе не сакате да јадете само јајца , со некој од локалните жители на егзотичните патувања заминете на риболов ти секогаш со задоволство би го затвориле својот локален бизнис за со туристите да одат на риболов но не заборавајте дека покрај рибите што ќе ги ловите заедно тие ќе ги ловат и вашите пари.

А кога сме веќе кај локалните жители никогаш не пропуштајте ја шансата да помуабетите со нив бидејки се секогаш љубезни и имат извонредна смисла за хумор.

Ако тргнете на навистина далечно патување секако понесете доволно интересна литература нема баш секаде интернет дури некаде нема никаков вид на комуникација освен познатата „Хјустон , … “

А сега на работа викендот заврши  🙂

Travel Advisor – Travel 

YouTubе

Пет совети , како до „last minute„

Островите на Тајланд

Индија – 10 совети за патување.

 

 

 

Previous articleДали знаете дека …
Next articleДали патувањата не прават поздрави и расположени?