Travel AdvisorTravel Advisor

Некои од најубавите острови во светот

Го сакате морето? Дали вашиот избор за одмор се плажите, камчиња, карпите, белиот, жолтиот, или црниот песок? Чисто, топло и тиркизно море? Високи карпи и скриени плажи или долгите песочни плажи со beach – барови oд каде музиката слуша секаде? Еве некои од островите кои сигурно ќе Ве освојат!

Boracay, Филипини

Филипинскиот остров Boracay е навистина најблиску до она што можеме да го замислиме како рај на Јужните Мориња. Овој филипински остров се наоѓа на 2 километри северозападно од Панај и 315 км јужно од Манила. Зазема површина од околу 10 км2 и има 12.000 жители. На овој остров владее тропска клима, а просечната температура е околу 26 ° C, со мали отстапувања.

Миконос, Грција

Како што вели митологијата на овој остров Херкулес ги убил гигантите, а големи камења околу островот, наводно, се нивните тела. Островот е дестинација на малку пософистицирани туристи кои се желни и за култура и за забава. Миконос е наречен грчката Ибица. Миконос е најпознатиот и најскапиот грчки остров. Особено е популарен поради космополитската атмосфера, возбудливиот ноќен живот, живописноста на главниот град познат по белите фасади на куќитем сините сводови на црквите и спектакуларните песочни плажи.

Bermuda

Иако се наоѓа на север од Атлантикот овој мал остров има суптропска клима. Населението на Бермуда е британска колонија, а културата е мешавина од британската, американската и карипската, што ја прави оваа дестинација исклучително разновидна и интересна за да се посети.

Бали, Индонезија

Многу малку места се убави како Бали. Ова е местото каде што ќе ја јадете највкусната риба во светот, на плажа со нозете во песок. На патиштата можете да сретнете цело семејство качени на еден мотор и може да  Ви се случи во храмот  Uluwatu, мајмун да Ви ги украде очилата за сонце. Но секогаш пред да тргнете на патување на Бали проверете ја вулканската активност на вулканот Mount Aguang.

Кајмански Острови

Веројатно сте слушнале за на плажа Seven Mile и за излетите во Stingray City на Grand Cayman, но места како Cayman Brac и Little Cayman се одлични за активen годишен одмор. Little Cayman е исто така познат по своите многу привлечни локации за нуркање.

Крит, Грција

Најголемиот и најпрепознатлив грчки остров со уникатна култура, пејзажи, кујна и митолошка историја. Бидете сигурни дека ќе уживате во секој сегмент од тоа што Крит го нуди.

Ибица, Шпанија

Околу 100 милји оддалечена од Валенсија, местото со најдобриот ноќен живот има уште многу што да понуди. Прекрасни плажи, знаменитости кои се под заштита на УНЕСКО, голем број продавници и се друго што може да се посака од Медитеранот.

Преземено од Cone Nast Traveller.

Посетете го нашиот YouTube канал.

Previous articleЧили зачинот – Херој на глобализацијата
Next articleПет најубави места за патување периодот