Градот Јорк е крунисан со титулата туристички град на годината, и најбезбеден град во Велика Британија што треба да се посети. Историја на овој град е многу долга бидејќи беше основан од Римјаните пред скоро две илјади години.
Во текот на историјата градот бил окупиран од Викинзите кои ги избрка скоро 100 години подоцна. Тоа беше местото на востанија по норманското освојување на Англија и пролонгираната опсада за време на Граѓанската војна. Дури и Guy Fawkes, кој се обиде да ја разнесе куќата на парламентот во 1605 година, тука е роден.
Околу крајот на 20 век, Јорк беше главен железнички центар со развиена индустрија посебно можеме да напомнеме дека овде се произведуваат добро познати брендови за производство на чоколади, Rowntrees and Terry’s.Сето ова инспирира скоро 7 милиони посетители годишно да ги истражуваат шармантните улици со калдрма , средновековниот замок, готската катедрала, музеи , и се разбира пријатните пабови.
Кулата на Клифорд е конструирана како дел од замокот Јорк, по наредба на Вилијам Освојувач, се користела како затвор до 1929 година. Искачете ги спиралните скалила за панорамски поглед на градот и уживајте во анимираните разговори на актерите, кои ја представуваат бурна историја на оваа градба.
Талентираниот актерски тим ве води на интерактивна турнеја од 75 минути пешачење, во повеќе од две илјади години реални, ужасни случувања во градот, што е повеќе од црна комедија.
Ако сте љубител на чоко-барчињата Кит Кат или Чоколадниот портокал на Тери, тогаш Јорк е вашиот духовен дом затоа што градот е родно место на многу од најсаканите чоколади во светот.Роунтри, сега дел од Нестле, е основана во Јорк во 1862 година од Хенри Исак Роунтри, кој ја водеше компанијата со неговиот брат.Друг семеен производител на чоколади беше Тери , креатор на познатото сферично чоколадо.
Љубителите на чоколади треба да се упатат директно кон York’s Chocolate Story заради можност да ги вкусат добрите рецепти за чоколада, истовремено учејќи ја нејзината историја претставена од специјализирани водичи.
Некогаш се велеше дека Јорк има паб за секој ден во годината. Можеби нема да има 365 , но сигурно има многу што може да се избере, ако сакате да најдете идеални: градот има над 200 пабови, служејќи 328 различни видови на real ale.
Некои од овие пабови се стари стотици години, вклучително и Ye Olde Starre Inne – внимавајте на неговиот знак, кој датира од 1733 година. Секое лето, градот е домаќин на Assize of Ale, пабовите со средновековна тематика го организираат оваа , за да соберат пари за добротворни цели. Оваа традиција датира од 13 век, кога беше воведен закон во Велика Британија познат како Assize на леб и пиво со кој се регулира производството и продажбата на леб и пиво – првиот од ваков вид за британски прехранбени производи.
Посетете го нашиот YouTube канал.
Многу патувања и туристички аранжмани низ целиот свет.
текст и фотографии Борче Цикалов