Travel AdvisorTravel Advisor

Не само да се фотографира, направите добра фотографија

Немојте само да сликате, треба да направите добра фотографија. Гледајќи го прекрасното зајдисонце од австралискиот брег, авторот одлучи да ја вклучи камерата на мобилниот телефон и да ја наслика сцената:

Тоа беше ОК фотка, ама не ја представуваше вистинската убавина на сцената. Потоа забележал стара градба на доковите. Спротивно на прекрасното зајдисонце заради играта на спротивностите правејќи го тој кадар направил навистина добра фотографија засилувајќи ја контрастноста на убавото и грдото. 

Тоа е уметноста на фотографирањето. Не значи секогаш онаа што реално е навистина убаво да „направи„ убава фотографија а вие само да кликате на копчето за сликање.Овде веднаш може да напомнеме да не се чудете кога ќе видете човек кој со себе носи голем апарат со огромен објектив , а вие се радувате на вашите 16 мегапиксели бедна камеда вградена во вашиот мобилен телефон.Верувајте мегапикселите во добра фотографија се можеби фактор кој се наоѓа на последно место.

Многу важно  е да се фати и моментот, не само да се слика нешто што изгледа убаво. Ова ја прави разликата помеѓу овие две фотографии. За да направите добра фотографија, морате во неа да го внесете  моментот и емоциите , а не само убавата глетка.

Изберете едно дрво, не фотографирајте ја цела шума.

Во природата на човекот е да сака да фотографира кога ќе види прекрасна сцена, сака да снима сè и се да зачува на фотографијата. Ова се ситуации кога најтешко е да се одлучи што е добра слика. Како фотограф треба да одлучите на што да се фокусирате. Треба да знаете да го изберете дрво а не шумата дури и во буквална смисла. Во овие два примери, можете да ја видите разликата баш кога се фотографира шума или пејсажи.

Дојдете поблиску и одберете го аголот. Особено кога фотографирате луѓе.

Фотографијата треба да се фокусира. Ако се приближиме и го промениме аголот, фотографијата ќе ја раскаже својата приказна. Од блиску ќе го истакнете субјектот и ќе стане основа на фотографијата што ќе  надополни позадината. Луѓето понекогаш треба да ѓи фотографираме од близината што е малку непријатно ама е елемент кој ја прави фотографијата вистинска. Еве еден пример.

Направете го уредувањето на фотографиите забавно.

Не е тајна дека со малку трикови употребени врз фотографиите , можат да бидат значително подобрени. Сепак, претерувањето може да ве доведе до фаза кога тоа не изгледа убаво. Фотошоп и другите професионални алатки веќе не се единственото нешто што може да ви помогне да ја промените вашата фотографија. Обидете се со некои од поедноставните алатки што ќе одговараат на вашите потреби и ќе ве забавуваат.

Барајте инспирација

Додека фотографирате нешто, веќе стотици луѓе го направиле тоа многу поубаво од вас. Ова е прекрасно и треба да ви биде поттик да бидете што е можно подобри. Авторот советува да побарате неколку фотографи кои ви се допаѓаат и следете ги сите нивни карактеристики. Добрите фотографии ќе ве инспирираат подобро да го набљудвате светот околу себе и да ги снимите најдобрите фотографии од некоја „приказна“. Еве споредба на авторската фотографија, со инспирација, авторот Laurent Dequick.

Фотографија за задоволство, а не за совршенство.

Фотографиите ви се за да уживате во нив, а не да покажуваате некакво совршенство. На секоја фотографија, барем едно нешто ќе ви пречи, но не дозволувајте некој детал да ви го одвлече вниманието од фотографијата како целина. Ова е особено важно кога уредувате фотографии. Не треба да се претерува. Кога веќе не ви е забавно, престанете.

Не помалку важно правило е да ги споделувате вашите фотографии! Луѓето се љубопитни и сакаат да ги гледаат. Немојте само да фотографирате, направите добра фотографија.

извор: medium.com, Rob Moore

Travel Advisor

YouTube

Идеална дестинација според хороскопскиот знак

5 причини за да патувате почесто

Виена 2019 уметност на убавината

 

Previous articleСветски нај „Instagrammable“ локации
Next articleЗачини , заради нив почнале патувањата