Travel AdvisorTravel Advisor

Островите на Тајланд

 

Ладно, магла, снег … Да, но некаде сонцето секогаш пече. Во Тајланд цела година.  Повеќето Европејци сакаат да избегаат од студот и да се загреат на азиското сонце. Бангкок е задолжително место кое треба да се посети покрај островите на Тајланд . Повеќето туристи брзаат на југ со автобус, ноќен воз или авион.

Кои  острови се оние “вистинските”? Дали  уште некаде постои автохтона идила од филмот „The Beach“ , каде што Леонардо ди Каприо пливаше во азурното прозирно чисто море и се сончаше на рајскиот залив?

Масовениот туризам одамна го зазема своето место на островите на Тајланд и повеќето места се преплавени со туристи , бетон, грди соби за сместување , одовде произлегува дилемата  подобро или поевтино. Логично поскапите домови се поубави. Во повеќето поевтини не се препорачува да се остане ако не ги проверите добро.
Сепак секаде не е толку лошо, постојат добри места, па затоа и листата кој ќе се потрудиме да ви ја презентираме е со напомена дека не е ранг листа од прва кон последна, бидејќи е невозможно да се направи прецизна компарација. Изборот падна на оние помалку познати и колку – толку поштедени од масовниот туризам – Pattaye, Phuket, Samui за кои можете подетално да се информирате и овде.

Ко Липе – се наоѓа во Андаманското Море во „Adang – Rawi„  архипелагот. Тие велат дека островите биле населени со морски номади – цигани. Островот е мал и може да се обиколи пеш за еден час. Сместувањето  најчесто е во колибите, а има и неколку бунгалови. Треба да се посети пред да се изгради некој хотел „мастодонт“. Липе може да одговара на концептот на рајски остров за некој смрзнат патник од Европа.
Ко Ланта – во провинцијата Краби – Ланта е група на острови. Најголемата е Ко Ланта Јаи. И има малку луѓе, а на главната плажа има бунгалови и мали ресорти. Овие води се добри за нуркање со маска или со соодветна опрема за длабинско нуркање. Островите се богати со вегетација.  Исто така постои и одмаралиште со 5* кое е прво од ваков вид на островот. Тие го нарекуваат “шик остров за босоноги”.
Ко Таруато – е еден од островите што припаѓаат на архипелагот на националниот морски парк Тарутао во јужен Тајланд. Познат по природата зачувана од современата цивилизација. Стрмните ридови и тропските џунгли во позадина се во контраст со белите песочни плажи. На островот има неколку населби со бунгалови.

Ко Тао – e најпознат од островите на Тајланд за сите нуркачки . Полека, но сигурно се претвора во светски центар за нуркање. Повеќе од 7.000 сертификати за нуркање се издаваат на годишно ниво, што многу зборува за посетеноста на островот. Подводното окружување на Ко Тао е заштитено како морски Национален парк. Оние кои бараат смирена и прекрасна природа, а сепак и добри плажи се уште можат да одат во Тао, додека уште повеќе не се изгради.

Ko Phi Phi – Leonardo, море, празни плажи … само на филм, но треба да се има предвид дека филмот е стар седумнаесет години. Откако филмот беше пуштен на пазарот, на Phi Phi стана вистински метеж. Пред тоа имаше само неколку дневни ресторани за туристите кои доаѓаа со чамец од Пукет и неколку бунгалови. Денес е мала верзија на малиот Пукет. 2004 година е тешко погоден од цунами.

 „Ко Kood„ – можеби последниот од поголемите острови кои сеуште не се на радарот на големите светски тур-оператори кои носат милиони туристи.

„Ко Kood„ е остров на кој сè уште може да бидете цел ден на плажа без да морате да разговарате со некој. Долга прошетка, нежна природа, мали школки во песокот … сето тоа треба да биде за совршено бегство од канцеларијата во средината на зимата. Во „Ко Kood„ живеат околу 2.000 луѓе, кои најчесто работат за туристи или се рибари. До „Ко Kood„ се лета до аеродромот  во Трат, а потоа со автомобил и брод до островот.
Симиланските острови се нешто како Фи Фи пред филмот „Плажата“ да биде снимен и неповратно уништен мирот.

Има девет острови кои го сочинуваат националниот парк во Андаманското Море на југозападниот дел на Тајланд. Тие се најпознати по нуркање со големите кит-ајкули. Таа е една од ретките локации во светот каде што тоа е можно. Границите со Мјанмар се блиску но тие се затворени за туристи од мај до октомври.

Ко Чанг островот е дел од Националниот парк Му Ко Ко Чанг. Тоа е најголемиот и најпосетен од островите на Тајланд во Сијамскиот Залив. Неговата големина е како Самуи или Пхукет, но многу помалку изграден и посетен. Островот е интересен за истражување во внатрешноста со скутер. Секако, треба да се избегнува да се вози во близина на слоновите. Качување низ џунглата до врвот на ридот е посебно искуство.

Ко Џум – мал познат остров во Андаманското Море помеѓу Краби и Ко Ланта сеуште нечепнат од масовниот туризам . Џум е едно од омилените острови за оние авантуристи кои бараат идеална плажа. Една од причините за малата изолираност на островот е тоа што островот е населен со муслимани кои често се бунтуваат против централната влада во Бангкок . Бидејќи островот е во близина на границата со Малезија се чувствува нејзиното силно влијание. Долга, речиси 10 км, плажата на западната страна е прекрасна. На островот има околу дваесет хотели.

На островите на Тајланд , многу туристи доаѓаат само за капење и одмор. Кога ќе посетите некој од овие острови, ќе ви биде јасно дека Тајланд не е место за секс туризам, бидејќи едноставно не постои, освен во неколку улици на Банкок, Паттај и Пхукет. Уживајте подалеку од светот во мирот додека сè уште постои.

 

Posjetite naš YouTube kanal.

Travel Advisor – Putovanja 

 

Previous articleБудимпешта во прегратките на Дунав
Next articleРим за почетници