Travel AdvisorTravel Advisor

Островот Бали – што да се посети?

Бали е голем остров. И покрај тоа што го носи епитетот – рајски остров не е насекаде идеално. Има околу 5 милиони луѓе кои живеат таму. Главниот град е Денпасар со околу еден милион жители, но границите не може да се дефинираат. Причина е тоа што населбите од тој дел се споени. Островот Бали е главно туристичка дестинација и речиси нема дел од годината кога таму нема туристи.

Бали е познат по локалната уметност и фолклор, храмовите, оризовите полиња и плажите. Островот е главно ридско место. Патиштата се тесни, а сообраќајот е доста прометен. Сето ова треба да се земе предвид при планирањето на посетата на островот Бали.

Најдобро е да останете на неколку места на островот и со тоа да го намалите времето поминато во возење и чекање во гужва. Едно од овие места кое е идеално место за престој е покрај плажата во јужниот дел од островот: Кута, Легија, Семињак, Нуса Дуа, Санур.

Друг дел којшто треба да се посети е Убуд во централниот дел, бидејќи голем дел од храмовите се наоѓаат во близина, а исто така ова место е најшармантно на островот.

Третиот дел за посета се наоѓа во северниот, но помалку посетен предел од Бали –  околу Ловен и Сингараје. Овде постојат црни плажи што некои не ги сакаат. На островот Бали живеат Хиндусите и нивната култура е уникатна.

Почнивајќи од Кута и крајбрежните места за пливање, сурфање и забава. Убуд за културата, екскурзиите и најдобрите ресторани, па се до север каде може да се види каков бил Бали некогаш, убавата природа, езерата и водопадите.

Што да се види на островот Бали?

1) Tanah Lot – храм кој е изграден на карпа во океанот во близина на брегот е место што мора да се види на Бали. Храмот е посветен на духот на морето

2) Beaskih – најголемиот и најсветиот храм. Се наоѓа на падините на планината Agung на околу 1000 метри надморска височина. Опкружен со бујната вегетација и оризовите полиња, тоа е убаво место за посета.

3) Kintamani и Mt.Batur – Активниот вулкан Mt.Batur и eзерото се едни од најпопуларните места. Најдобро е да се качите рано и да го видете изгрејсонцето.

4) Jatiluwih – оризови полиња. Порано половина од Бали беше под оризови полиња, а денес се потребни часови за да стигне до нив. Од сите најубавите се Jatiluwih.

5) Uluwatu – мал храм на врвот на високите карпи над океанот. Прекрасен поглед и шума полна со мајмуни. Во близина на храмот има амфитеатар каде се изведува познатиот Kecak Dance.

6) Goa Gajah – Слоновата пештера е археолошки интересно и свето место. Се наоѓа на само 6 километри од Ubud па е лесно да се посети. Нема ништо слично на оваа пештера на островот Бали.

7) Ulun Danu Beratan – мал храм на езерото Бератан опкружен со планински планини koj изгледа како да лебди.

8) Art Markets – Ubud, потоа Skawati и Guwang се места каде што можат да се најдат многу убави предмети. Жителите на Бали се уметнички души и мајстори вп производството на ракотворби.

9) Фолклор – многу живописен и забавен. Секако треба да се видат танците и претставите Kecak, Barong или Legong. Музиката е исто така многу пријатна, иако е сосема поинаква.

10) Спорт – на Бали, покрај лежењето на плажа, можете да се занимавате со различни активности, како што е на пример сурфањето. На големите плажи постојат многу училишта за сурфање кои нудат курсеви и изнајмување на опрема за сурфање. Планинарењето на вулканите е друга интересна активност за оние кои се во форма. Исто така велосипедизмот на оризовите полиња каде може да направите добри фотографии. И секако возењето скутери – кој ќе доживее ќе зборува.

Патување до Бали од Македонија организира туристичка агенција АтлантиС.

Travel Advisor – Патувања.

Посетете го нашиот YouTube канал.

Плажата Кута – Занимливости и кратко видео

Острови во Тајланд за кои сонувате!

Некои од најубавите острови во светот

Previous articleБалоните во Кападокија – искуство што мора да се доживее
Next article10 совети за поевтино патување