Travel AdvisorTravel Advisor

Островски бисер на Средоземното море – Кипар

Кипар (грчки: Κύπρος, турски: Kıbrıs или официјално Република Кипар  — островска држава која се наоѓа во источниот дел на Средоземно Море, трет по големина и по населеност остров на Медитеранот.Уникатноста на државниот симбол на Кипар е во тоа што самиот остров е представен на знамето со маслинови гранчиња под него , најцврст показател на неменливоста на неговите природни граници. За жал сепак тој е поделен остров на грчки и турски дел кој не е мегународно признат.

После многугодишни националистички судири ,Турција извршила инвазија на островот на 20 јули 1974 година, што довело до воспоставување на денешна територија Северен Кипар, и раселување на над 150.000 кипарски Грци и 50.000 кипарски Турци.

После оваа кратко запознавање со блиската историја на Кипар ќе преминеме кон неговите туристички потенцијали и знаменитости.

Туристичкиот островски бисер на Средоземното море со стотици километри прекрасно крајбрежје. Од аспект на туристите тоа е Кипар! Остров кој локалците го нарекуваат Афродита, бидејќи според легендата, Кипар бил дом на грчката божица на љубовта Низ. Во текот на својата историја, овој остров бил освојуван од Грци, Римјани, Персијци, Египјани, Византијци и крстоносци, секој зад себе оставајќи свој белег го претвориле Кипар во тоа што е денес. Благодарејќи на богатата историја, Кипар денес има развиен туризам привлекувајќи туристи од целиот свет. Топла медитеранска клима, одлични хотели, прекрасно крајбрежје, вкусна храна и квалитетно вино, ноќен живот на високо нив. Тоа е само дел од листата која го прави Кипар дестинација која задолжително треба да биде на Вашата листа!

Кипар има суптропска клима – медитеранска (во североисточниот дел на островот), со многу благи зими (на крајбрежјето) и топли лета. Снегот е возможен само во планините Троодос во централниот дел на островот. Дождот се јавува главно во зима, додека летото е генерално суво.

Кипар има една од најтоплите клими во медитеранскиот дел на Европската Унија. Средната годишна температура на брегот е околу 24° C во текот на денот и 14° C во ноќта. Општо земено, летата траат околу осум месеци, почнувајќи од април, со просечна температура од 21-23° C во текот на денот и 11-13° C во ноќта, а завршуваат во ноември со просечна температура од 22-23° C во текот на денот и 12-14° C во текот на ноќта, иако во останатите четири месеци температурата понекогаш надминува 20° C.Сончевите часови на брегот се околу 3.200 годишно, од просечно 5-6 часа сонце на ден во декември, во просек 12-13 часа во јули. Ова е двојно повеќе од градовите во северната половина на Европа; за споредба, Лондон има околу 1.540 годишно.

Кипарските Грци и Кипарските Турци делат многу заеднички обичаи во својата култура поради културните размени, но исто така имаат и разлики. Неколку традиционални јадења (како што се сувла и халуми) и пијалоците се слични, како и изразите и начини на живот. Угостителството и купувањето или нудењето на храна и пијалаци за туристите се заеднички меѓу двете заедници. Во двете заедници, музиката, танцот и уметноста се составен дел на општествениот живот и многу уметнички, вербални и невербални изрази, традиционалните танци како што се цифтетели, сличностите во костимите за танц и важноста на социјалните активности се споделуваат меѓу заедниците.

Меѓутоа, двете заедници имаат различни религии и религиозни култури, при што кипарските Грци традиционално се грчки православни христијани а кипарските Турци традиционално сунитски муслимани, што делумно ја попречува културната размена. Кипарските Грци имаат влијание од Грција и христијанството, додека кипарските Турци имаат влијание од Турција и исламот.

 

Карневалот на Лимасол е годишен карневал кој се одржува во Лимасол, во Кипар. Настанот што е многу популарен во Кипар кој е воведен во 20 век.

Travel Advisor – Патувања.

Посетете го нашиот YouTube канал.

21-ви Светски игри на планински велосипедизам „Saalbach Hinterglemm“.

Сантијаго, семејна дестинација

Дочекајте ја 2020 во Сингапур

 

 

Previous article5 причини за да патувате почесто
Next articleПосета на провинцијата Хунан, Кина – родното место на Мао