Travel AdvisorTravel Advisor

Париските музеи

Низ историјата, Франција се покажала како голем обожавател  не само на сопствената култура, туку и култура во целина, а 130 музеи се неизбежна културна дестинација на многу туристи. Експонатите што ги посетивме нe оставиja без здив како и грандиозноста на Париските Музеи.

Изложбата на векот на познатиот уметник и визионер Франсоа Огист Рене Роден, поставена по повод стогодишнината од смртта на еден од француските  најголеми скулптори и визионери во една од најпознатите париски изложбени сали „Grand Palais“. Тоа е место кое едноставно мора да се види ако сте во Париз. Изложбата го истражува влијанието на Огист Роден на многу светски уметници. Меѓу нив е и хрватскиот скулптор Иван Мештровиќ, чии две дела се изложени во „Grand Palais“ : “Јагнето на животот” и “Старица”.

 Од „Grand Palais“ ние препорачуваме да се оди во  музејот „Orsay“  каде што во моментов е поставена прекрасната изложба “Надвор од ѕвездите” – мистичен пејзаж од Моне до Кандински.  Можност да ја нахраните својата душа со највредните уметнички дела досега.  Една напомена во понеделник,  музеите се затворени за јавноста.

Наши следни препораки се музејот  „Cinematheque Francais“ и Парискиот центар          „Georges Pompidou“ , кој ја прославува својата 40-годишнина од постоењето и по тој повод во него е инвестирано околу 110 милиони евра за негова реставрација. Таа инвестиција е прилично очигледна од модернистичката градба во сите бои во кој тој навистина сјае. Тука моментално можеше да се види извонредната изложба на американскиот сликар  Cya Twomblya.

Секако треба да се посети „Le 6B“ напуштена зграда во малку полошиот  дел на Париз (Сен Дени), каде што алтернативните уметници се собираат за да можат непречено и бесплатно да ги креираат и организираат своите изложби. Тоа е проект кој е социјално и општествено свесен и кој даде сензационални резултати за неколку години. Вреди да се погледне и да се поразговара со уметниците.

По авангардата и алтернативата, треба да се види “светски важната” изложба на генијот Вермер – “Вермер и мајсторите на жанровото сликарство” во музејот Лувр. Навистина, искуство кое се памети цел живот во овој најпосетен и најголем музеј во светот на десниот брег на Сена. Париските музеи ги исполнија своите очекувања

Travel Advisor – YouTube kan

The National Museum of Bosnia and Herzegovina

TOP 10 muzeja u Europi

Previous articleТиркизниот Занзибар
Next articleБудимпешта во прегратките на Дунав