Travel AdvisorTravel Advisor

Патувањата и болестите низ историјата

Ерата на Големите пионерски патувања генерално почнува во периодот меѓу 15ти и 17ти век. Во тој период технолошкиот напредок во бродоградбата и навигацијата го олеснале истражувањето на луѓето надвор од нивните граници.Глобализацијата донесе  многу придобивки, како на пример Европејците открија нови производи како што се чајот, свилата и шеќерот, со развивањето на трговските патишта од Африка до Индија и Малуко Островите за најпосле да стигнат до Америка.

Покрај тргувањето со стоки, многу народи почнаа трговија со робови. Тргувањето со робови беше погоден начин преку кој се пренесуваат болестите до нови места и народи, на пример, од Супсахарска(Екваторијална)Африка до Карибите и до Америка.Во тое време, различни општества почнаа да се интегрираат зголемувајќи го бројот на население и животни во одредени места а тоа доведе до појава на нови болести од кои некои почнаа да мутираат и од животните болестите ги префрлаа на луѓето.

Првобитната медицина честопати вклучувала употреба на билки и медитација. Засновано на археолошки докази, некои праисториски лекари во Европа и Јужна Америка користеле трепанација, правејќи дупка во черепот за да се ослободи болеста.Тешките болести честопати се сметале за натприродни или магични. Последица од пренесувањето на евроазиските болести во Америка е фактот дека мештаните многу повеќе умирале од болести и бактерии отколку што биле убивани од страна на колонистите. Научниците проценуваат деке за период од четири века епидемичните болести уништеле 90 отсто од Американското домородно население.

Во Европа, во текот на Ерата на Големите географски откритија, болестите како што се вариола(голема сипаница), мала сипаница и туберкулоза веќе постоеле векови наназад а биле пренесени преку трговијата со Азија и Африка. Луѓето веќе имале создадено антитела против овие и други болести од Евроазискиот континент. Кога Европејците патувале во новите земји, ги носеле овие болести со нив. (Забелешка : научниците веруваат дека ТБ- туберкулозата веќе била ендемична во Америка). Кога вакви болести за прв пат ке се појавеле кај ново населенеие, ефектите кај староседелците станувале широкораспространети и смртоносни.Со првиот контакт на Кристофер Колумбо со Карибските домородци, започнала размената на болести.

Современите начини на транспорт значат движење со побрзо темпо на луѓето и производите низ светот а и отворен воздушен пат за инсектите кои ги пренесуваат заразните болести. Еден таков пример е Вирусот Од Западен Нил. Се верува дека болеста стигнала до САД преку комарците кои се транспортирале преку авионските тркала и на тој начин стигнале до Њујорк во 1999та година. Со користење на воздушниот сообраќаај луѓето можат да патуваат во странство, да се заболат од некоја болест но да немаат никакви симптоми, се додека не се вратат дома и истовремено на болеста ги изложат и другите околу нив.

Со напредокот на медицината се развивале многу вакцини и лекови за некои од најтешките болести кај луѓето (чума, сифилис, тифус, колера, маларија). Но бидејќи микроорганизмите еволуират многу брзо, дури и со вакцините било тешко да се добие целосна отпорност од многу болести. Воопшто, наоѓањето вакцини за некои болести и понатаму било исклучително тешко. Светот, без вакцини, останува подложен на заразни болести.Еволуцијата на болестите претставува голема закана за денешницата. На пример, актуелниот “свински грип” и вирусот Х1Н1 е нов вирус односно застарена форма на грипот познат со векови наназад како азиски грип именуван според континентот од каде потекнува. Од 1918 до 1920та година, или повоениот период од Првата Светска војна, од глобална епидемија на грип загинале околу 50-100 000 000 луѓе, вклучувајќи половина миллион во САД. Х1Н1 е вирус кој еволуирал од, и делумно со делови од птичји, свински и човечки грип.Глобализацијата го зголемила ширењето на заразните болести од Југот кон Северот, но исто така и ризикот од непреносливи болести преку културата и начинот на живот од Северот кон Југот. Важно е да се пронајдат и да се намали ширењето на болестите во земјите во развој. Сепак треба да се осврнеме и на ризичните фактори на непреносливите болести и животниот стил на Југот кои се причинители на болести, како што се потрошувачката на цигари, алкохол и нездрава храна, сите подеднакво важни.

Travel Advisor – Патувања.

Посетете го нашиот YouTube канал.

“Aurora borealis” од каде се гледа најубаво

Фото албум-јужна Америка

…приказна !!!

 

Previous articleФилипините со својот уникатен ентитет
Next articleАвиопревозниот EasyJet воведува флота од електрични авиони