Travel AdvisorTravel Advisor

Есента во Пекинг

 

Кинескиот динамичен главен град – градот со царска историја, богати ресторани, зелени паркови и ритуалот на пиење чај сега е уште поблизок до останатиот дел од светот благодарение на се поголемиот број на директни авионски линии.Денес некако водичот за туристи ни тргна со бројки па и овде ќе имаме седум главни причини зошто Пекинг треба да биде на вашиот радар како следната туристичка дестинација …

1.  (Hutong) традиционални кинески квартови Поголемиот дел од пекинг-хутонг областите, за жал, беа срушени за да се отвори простор за нови патишта и грандиозните облакодери. Сепак, некои од овие ниски и тесни улички  се одржаа дури до денес и да понудат редок поглед на традиционалниот Пекинг. Некои од најдобрите барови, ресторани и пазари во градот можат да се најдат во последните преостанати куќи за хатунг, каде што жителите со векови живееле на традиционален начин.

2.Кинескиот ѕид

Една од главните асоцијации на Кина и речиси митски објект кој, (спротивно на популарното верување), не може да се види од вселената (барем не со голо око 🙂 ). Изграден за да ги држи пљачкашките орди далеку од Кина, одбрамбениот ѕид од 7-от век се протега на 5.500 милји низ целата земја.Некој од најдобро зачуваните делови од ѕидот се близу до Пекинг, како што е живописниот Juyong премин.

3. Забранетиот град веќе не е забранет

Посетата на најголемиот комплекс на палати во светот повеќе не е забрането, всушност, за многу туристи, посетата на оваа пошумена тврдина е една од многуте атракции во Пекинг. За време на забраната, која траела речиси 500 години, Забранетиот град беше дом на две династии од 1420 до 1912 година, но денес секој може да ужива во царската архитектура и уметноста заштитена како светското културно наследство на УНЕСКО.

4. Бурната историја на плоштадот Тјенанмен

Кина постојано ѓи цензурира  настаните од 1989 година, бидејќи несака нејзините граѓани  да дознаат повеќе за масакрот што се случи кога властите брутално го задушија продемократскиот протест со голем број мртви. Овде ќе ја почувствувате  тежината на историјата со посета на овој плоштад, и впечатливата слика која го обиколи светот кога еден ден по масакрот еден човек храбро стоеше пред колоната тенкови.

5. Чај за секоја пригода

Пиењето чај е широко распространета традиција во Кина, а во Пекинг има чај за секоја пригода; зелен чај, афионов чај, чај „Златен мајмун„ или чај од јасмин, (овде можеме да именуваме само неколку). Најдоброто место за земање примероци и купување чај е пазарот за чај Maliandao, каде што околу 900 добавувачи ви ги нудат своите „лиснати„ производи.

6. Пекиншка патка

Повеќето од нас имат посетено кинески ресторан кој подготвува пристојно припремена Пекиншка патки, но за вистинско искуство на мириси и вкус на оваа уникатно јадење  навистина треба да го посетите Пекинг, градот каде што впрочем и е именувано ова јадење.

7. Бројни други кулинарски задоволства …

Пекинг е луд по храна и како главен град на Кина, е вистинското место каде можете да пробате најразлични видови на храна од сите кинески провинции и сите се многу различни и специфични  по својот изглед и мирис а и по вкусот.Тука може да сретнете разни видови на кнедли ,варива ,супи , чорби , крофни ,резанци па дури и разни видови инсекти спремени на различни начини како на пример пржени скакулци за оние најхрабрите.И имајте на ум дека ова е само минорен дел од широката гастрономска понуда на Кина и Пекинг.

Travel Advisor

YouTube

 

Сингапур град од иднината посетете го во сегашноста

Дубаи, како до сместување

Дали ви се допаѓа авионскаta храна?

Previous articleПирин разубавен преку погледот на Гранд Хотел
Next articleПредновогодишен шопинг во Истанбул