Пекинг – Шангај со најбрзиот патнички воз во светот

Пекинг - Шангај со најбрзиот патнички воз во светот
By

Rupаrt Pa

Со една од најразгранетите железнички мрежи во светот, лесно е да се стигне до „секое село„ патувајќи низ Кина од Пекинг до Шангај.

Пекинг

Овој патепис почнува од Пекинг во забранетиот град , придружувајки се на масите кинески туристи во следната турнеја. Тоа е импресивна глетка, со 980 згради распоредени на 72 хектари. Патиштата и мостовите ги поврзуваат дворовите, резиденциите и храмовите, сите станаа слободни откако последниот император Puyi абдицирал во 1912 година.

Пекинг - Шангај со најбрзиот патнички воз во светот

Возејќи се со рикши го разгледувате различениот  вид на домување – Хатонгите се тесни улички кои ги поврзуваат еднокатните резиденции во дворот каде некогаш живеел поголемиот дел од Пекинг. За жал повеќето се веќе срушени, но околу езерото Shicha, има повеќе кои сеуште се користат.

Пекинг - Шангај со најбрзиот патнички воз во светот

Се разбира, ниту едно патување во Кина не е комплетно без посета на Големиот Ѕид, а обновениот дел од Mutianyu е само 90 минути возење северно од главниот град. Жичарите ве носат на 640 метри до една од кулите за набудување. Одовде почнува 2,5 км нагорнина, ѕидот од гранит го заобиколува пејзажот како огромна змија.

Пекинг - Шангај со најбрзиот патнички воз во светот

Посетата на Tiananmen е неизбежна,шетајќи под погледот на претседателот Мао, и неговиот огромен портрет што виси на северната порта. Посетете го неговиот мавзолеј доколку имате време,  го имаме огромниот плоштад како на дланка. Железничката станица Пекин Југ повеќе личи на аеродромски терминал со проверки на пасошите и багаж , пред да ви биде дозволено да се качите.Патувањето со возот-куршум (како што се нарекува) трае само четири часа и 28 минути за да се поминат 1,318 км до станицата Хонгкиао во Шангај.

Пекинг - Шангај со најбрзиот патнички воз во светот

Шангај

Додека во Пекинг имате „филинг„  на зафатен главен град, во Шангај има различни вибрации. Енергијата овде очигледно е друга , улиците се полни со студенти облечени во брендирана гардероба, а неговата  историја му дава повеќе космополитско чувство. Беше оставен да пропаѓа, за време на комунистичките години, што објаснува зошто се зачувани многу стари згради.

Пекинг - Шангај со најбрзиот патнички воз во светот

Сите тие се осветлени, и се гледа како светлата танцува на врвот на bottle-opener зградата, на 101-катниот светски финансиски центар во Шангај, се креваат и паѓаат во структурата на Oriental Pearl TV Tower и се издига кон небото на највисоката зграда во Кина, twisted glass 632 метри Кулата во Шангај.

Пекинг - Шангај со најбрзиот патнички воз во светот

Fuxing Park

Сепак, за вистински поглед на Кина,  се упатуваме кон Fuxing Park  поранешна француска концесија. Таа беше воспоставена од Французите во 1909 година, а подоцна се користела од страна на Јапонците во 1930-тите.

Пекинг - Шангај со најбрзиот патнички воз во светот

Деновиве тоа е засолниште за старите лица,  тие вежбаат уште од рано наутро под сенката на дрвјата Вутонг. Гледани од огромна статуа  на Маркс и Енгелс, танцуваат, вежбаат таи чи, пеат заедно и играат мах-Јонг. Се чини идеален начин да го поминете пензионерските денови.

Travel Advisor

YouTube

Borobudur & Prambanan, Индонезија

Зошто „Obertauern„ е идеално место за зимски одмор?

„Шарм Ел Шеик„ – шармот на Египет