Travel AdvisorTravel Advisor

Познат е и како „Златна Прага„

 

Прага  е главен град и најголем град на Република Чешка. Се наоѓа на реката Влтава и има околу 1,2 милиони жители. Прага е еден од најпознатите добро зачувани поголеми градови во Европа, а денес е поради својата историска сушина под заштита на УНЕСКО. Поради своето богатство, градот е познат и како “Златна Прага”.

Можеби најдобра опција да се патува за Прага е организирано со искусен туристички водич бидејки има толку многу да се види.Ние овде ќе наброиме неколку знаменитости но со добар познавач на градот сигурно ќе ви требаат неколку денови за да ги посетите барем оние нај прочуените и да го осетете барем малку Чешкиот менталитет.

Карловиот мост.

Споменикот на Карло IV.

Париската улица.

Старомајскиот плоштад со астрономскиот часовник – Орлој.

Црквата Лорето.

 Прашката кула.

катедралата Св. Вито.

Ако веќе се наоѓате во Прага не е на одмет да направите кратка екскурзија до блискиот Дрезден.

Во Дрезден секако ќе ви остават впечаток познатите знаменитости на овој град Операта Земпер, Палатата Цвингер, Богородичната црква, римокатоличката Дворска црква, Резиденционалната палата, палатата Ташенбер, Августовиот музеј.

Никако не испуштајте да прокрстарите по реката Влтава.

Карлови Вари – најпознатиот бањски центар во Чешка и омиленото место на европската аристократија. Топлите извори и водите со лековитите својства се природни дарови кои привлекуваат огромен број туристи, можност да купите сувенири и производи со лековити својства од Карлови Вари.

Travel Advisor

Посетете го YouTube каналот.

комплет аранжмани за Прага Т.А.Атлантис

Вистинска дестинација за предстојните Велигденски празници

Велигден на Пирин-Банско

Малтешки ред , тајните убавини на Малта

7 Европски градови за пролетен одмор

Previous articleВелигден во велеград , Атина
Next articleМалдиви … и се е кажано