Travel AdvisorTravel Advisor

Пооооортугалија преубава а ефтина

Убавината на секое место си има свој печат , економскиот аспект има свои реални показатели.Пред  Сончев Брег во Бугарија и  шпанската Коста дел Сол, кои беа на второто и третото место, „The Algrave„ беше на врвот на листата најефтини дестинации втора година по ред.

Ценовниот барометар кој ја споредува цената на услугите нормални за еден пристоен одмор , како е на пример: вечера за двајца со вино, разни пијалаци, козметика за сончање и заштита од инсекти,  Алгарве се најде на најниско место од 33,36 £. Тоа е 17 p поевтини од Сончев Брег, каде што истите предмети чинат 33,53 £. Исто така, повеќе од 5 фунти помалку од Коста дел Сол каде што ќе платите 38,79 £.

Единствената неевропска дестинација која e во првите топ 10 најскапи дестинации е Токио.Португалија одамна е една од најекономичните дестинациите во Европа, тука се и некои совети како да заштедете пари  уште повеќе а да не скратете од својот луксус.

Јадењето во Португалија е ефтино и вкусно. Не јадете во туристичките места и одете таму каде што локалните жители одат за време на своите оброци. Дури и во големите градови Лисабон и Порто, можете да добиете висококвалитетен ручек за пристојна цена.

Истото е и со виното. Португалија е земја со големо производство на вино, па затоа е одлична шанса да го пробате домашното вино во локалните ресторани. Можете да најдете и домашни не толку познати одлични домашни вина во супермаркетите за ниски цени.

Многу од најдобрите атракции во Португалија, прекрасните плажи и историските села, се бесплатни. Влезот во музеи и знаменитости во просек е 3-5 евра, а првата недела од месецот тие често се и бесплатни.

Големите градови за да ги запознаете подобро препорачуваме да се одлучете за пешачење . Пешачењето  е најдобар начин да се открие нивниот скриен шарм. Кога ви треба, јавниот превоз е разумна одлука.

Размислете за престој во хостел. Тие се прифатливи,и нивните пониски цени не произлегува од нехигиената, напротив таа е одлична, па обезбедуваат удобност и добри услови и покрај пониските цени.

Travel Advisor – Europa

Youtube

Сејшели , острови на „вечното сонце“

Дубаи, како до сместување

Патувајте и научете ги вашите деца да патуваат

Previous articleПет дестинации каде фотоапаратот е „задолжителен“
Next articleГАУДИ & БАРЦЕЛОНА -повик за патување