Travel AdvisorTravel Advisor

Предновогодишен шопинг во Истанбул

Кога ќе престигнете во Истамбул ви предлагаме после краток одмор во хотелот да направете панорамски разглед на европскиот и азискиот дел на Истанбул: Римскиот Аквадукт, Златниот Рог, Таксим, Галата Кула, Бешикташ, Ортакој.

На локацијата Чамлиџа  ужувајте во панорамскиот поглед на европскиот и азискиот дел на Истанбул, во комбинација со турско кафе или чај или пак традиционалното благо Ашуре (познато како благото на Дедо Ное).

Крстарење по Босфор со панорамски разглед на мостовите ќе ви отвори нови видици на овој историски град. Посетете го Египетскиот пазар и можноста за шопинг. Вечерните часови со слободно време искористете ги за интересни  активности како  посета на Watergarden во азискиот дел на Истанбул – познатите “разиграни” фонтани, со светлосни ефекти кои се движат по ритамот на музиката.

Посетете ја Сината џамијаАја СофијаТоп Капи палатата – музеј со непроценлива колекција на споменици и уметнички дела. Сегашниот изглед на палатата датира од времето на Сулејман Величествениот.   Во вечерните часови не ја пропуштајте можноста за вечера на брод (вечера и ноќно крстарење по Босфор).

Посетата на Долма Бахче Сарај – последната палата на Отоманските Султани, која содржи музејска збирка со непроценливо богатство, во најмала рака ќе ве воодушеви. Овде се наога и највисоката зграда во Европа (236 m).

Sapphire Seyir terasi  на која постои и  можност преку четиридимензионалното небесно возење со хелихоптер над Истанбул да ги посетите најзначајните знаменитости: Галата Кула, Златниот Рог, Сината Џамија, Аја Софија, Топ Капи, Девојачката Кула.

Travel Advisor – Europa

Посетете го нашиот YouTube канал

Убавините на Јонското море

Посетете ги старите визби, вкусете вино и откријте нешто ново

 

 

 

Previous articleЕсента во Пекинг
Next articleКопаоник -“All seasons sports and spa resort”