Travel AdvisorTravel Advisor

Пролет во Јапонија: Нежен и прекрасен цвет на цреша

Пролет во Јапонија: Нежен и прекрасен цвет на цреша

Во Јапонија започнува сезоната  на цветањето на црешата, позната како sakura, и симболично го означува почетокот на пролетта. Овој годишен настан е толку значаен што има предвидувања кои покажуваат точно кога и каде ќе почнат да цветаат црешите. Од гледна точка на некој неупатен во суштината на овие обичаи, тоа  возбудување може да изгледа дека е малку деликатно и претерано но секој ќе биде запрепастен од овој процес на една од најубавите сцени што можете да ги видите.

Имајќи го во предвид фактот дека целиот настан на sakura трае најмногу две недели, разбирливо е дека луѓето би сакале да знаат кога ќе се случи периодот помеѓу “kaika”(појавувањето на првите пупки) и “mankai” (полн цут) за да се искористат најмногу за “hanami” (сезоната  на гледање цветови).

Јапонската метеоролошка корпорација (JMC) ја објави најновата прогноза за цветaње на црешата. Предвидувањата се базираат на различни фактори, како што се ниските температури за време на есен и зима, кумулативната температура, претходните податоци и статистики за одгледувањето на црешата. Во 2019 година, е предвидено дека „Сакура„ ќе достигне врв на цутот на 26-ти март. Фукуока би требало  да ги види цветовите еден ден подоцна од Токио на 23 март, додека Нагоја и Шизуока ќе мора да почекаат до 20-ти март.

„Сакура„ во Токио треба да почне  на 21 март, по што следи Осака на 28 март. Сепак, се очекува во некои области во јужниот дел на „Кјушу„ црешите да почнат да цветаат една недела подоцна од вообичаеното време, како во Нагано, цветовите е предвидено да почнат да се отвараат на 10-ти април.

Во постудените  области од северна Јапонија сезоната на цветање на црешата обично се случува подоцна за разлика од остатокот на земјата. Се очекува дека „сакура„ во Аомори во регионот Тохоку ќе почне дури на 27-ми април. Последните цветања на црешите се предвидени во Хокаидо: Хакодате на 30 април, Саппоро на 3-ти мај.

На денот на „Сакура„ Јапонците традицонално се собираат под црешовите дрвја за да ги набљудуваат нежните црешови цветови „ханами“. Традицијата на одбележување на денот Сакура во Јапонија датира уште од периодот Хеијан (794-1191 година), кога уметниците, сликарите, поетите и аристократрите почнале да го прославуваат периодот на цветањето на црешите. Симболчики, цветањето на црешите во Јапонија се поврзува со убавината, младоста и убавите моменти од животот.

Travel Advisor – патувања

посетете го YouTube kanal

за подетални информации околу патувањата за Јапонија видете овде

 

Барем еднаш посетете го Бали

Островите на Тајланд

Каиро симбол на кругот, фениксот на Египет

Previous articleБарем еднаш посетете го Бали
Next articleБратислава…„Vitajte v krásnej Bratislave“