Travel AdvisorTravel Advisor

Пролет , Јапонија 2020

Вашата авантура нека биде,Јапонија пролет 2020! За да запознаете барем дел од Токио секако земете локален водич кој ќе ве води низ улиците на овој мегалополис, раскажувајќи ја приказната на градот.

 

Ќе го посетете храмот Сенсоџи (Sensoji Temple) како и шопинг улицата Накамизе (Nakamise shooping street). Според легендата, двајца браќа рибари, пронашле слика од божицата на милоста – Kan’non  во реката Сумида, пред околу 1370 години, при што успеале да ја заштитат и зачуваат. Симболот на храмот е голем фенер направен од црвена хартија, која го носи називот ‘Kaminari-mon’ или во превод порта на грмотевицата. Улиците околу храмот се одликуваат со традиционални продавници каде што можете да купите најразлични видови на сувенири кој ќе го красат Вашиот дом и будат прекрасни спомени.

Ќе прошетате во паркот Уено (Ueno park), кое важи за најпознатото место во Токио, каде што во овој период ќе бидете сведоци на магичната боја на црешовите цветови кои го красат овој парк. Следна на вашата агенда е палатата Империјал Палас (Imperial Palace), потоа градините Кокјо (Kokyo Gaien National Gardens), мостот Ниџу (Niju bridge), како и симболот на Империјал Палас – портата Сакурада (Sakurada Gate).

 

Гинза (Ginza district), името го добила по стара сребрена монета, која датира од 1612-та година. Важи за најпосетуваните места во Токио кога станува збор за шопинг, забава и гастрономија.

Никако не ја пропуштајте можноста за користење воз во Јапонија , на пример ескрузија до Камакура! Посетете го храмот Котокуин (Kotokuin Temple) и статуата на Големиот Буда (Great Buddha) која се наоѓа во овој храм, а претставува симбол на Камакура. Оваа статуа со висина од 11.4 метри првично е изградена во 1252-та година и претставува втора по големина статуа на Буда во Јапонија.

Посетете го храмот Хасе (Hase kannon Temple) од каде ќе имаме прекрасен поглед кон градот Камакура и заливот Сагами (Sagami Bay). Следно на вашата агенда нека е светилиштето Tsurugaoka Hachimangu, комплекс познат по црвената порта и главниот влез.

Хаконе (Hakone Resort) е познат по своите топли извори и бањи. Пред нас е прекрасен поглед на Езерото Аши (Ashi Lake) на кое можете да крстарите. А има ли нешто по интересно и единствено од селото на нинџите!? Такво е селото Shinobi no sato, живописно место со прекрасни бои и поглед кон планината Фуџи. Овде ќе уживате во традиционалното нинџа шоу.

 Осака! . Во Осака секако разгледајте ја  централна кула која е висока 55 метри, каде има музеј и платформа за уживање во панорамскиот поглед на градот Осака. Потоа може да ѓи посетете Shinsaibashi и Dotonbori, популарни места за љубителите на шопингот.  Покрај светски познатите брендови, овде се лоцирани и традиционални продавници кои продаваат сувенирии и рачно изработени производи кои ќе бидат Ваш спомен од ова патување.

Travel Advisor

YouTube

Кипар неодолив во сите годишни времиња

Модерен кроасан , “bon appétit“…

Инспиративниот Тунис

 

Previous articleКипар неодолив во сите годишни времиња
Next articleЅвездените ноќи над Дубаи