Travel AdvisorTravel Advisor

Рим за почетници

 

Рим за почетници е краток водич кој ќе проба да ви ги  посочи главните знаменитости на овој историски град. Главен град на Италија и јужниот италијански регион Лацио, град со богата историја познат како Вечниот град. Рим е центар со богата античка историја, од која многу споменици останале до денес.

Ватикан

Во овој краток водич Рим за почетници мора да почнеме од градот во град Ватикан или Ватикански град кој е најмалата земја во светот, опкружена со ѕидови и со градот Рим. Со површина од 0,44 км² и со население од околу 800 жители, и во двете категории е најмала земја во светот. Бројни свети згради и убаво украсени ентериери се само некои од причините зошто оваа земја е цел на сите оние кои го посетуваат Рим, а кога ќе го додадеме фактот дека тука е седиштето на Светата Столица, тогаш знаеме дека ниту еден посетител нема да замине без да го посети Ватикан.

Ватиканскиот музеј

Музеите на Ватикан се наоѓаат во Ватиканската палата, со 1400 соби кои сочинуваат исклучително важен музејски комплекс, поради мноштвото и вредноста на ремек-делата кои папите ги собирале со векови, како и за луксузните простории во кои се сместени.

Сикстинската капела

Е изградена  од архитектот Џовани де Долчи помеѓу 1475 и 1483 по нарачка на Сикст IV. кој бараше зградата да се сведе на наједноставната архитектонска форма, затворена и речиси недостапна однадвор налик на тврдина. Токму овој впечаток ја остава самата капела. Имено, постојат само неколку мали порти што водат до капелата, заради тоа оваа место  стана најбезбедно место во светот за време на Конклавата. Посебно внимание посветете на таванот каде што ќе ја видите прекрасната фреска на познатиот италијански уметник Микеланџело.

Базиликата Свети Петар

Оваа базилика е едноставно прекрасна. Самата црква е изградена во стилот на класичната ренесанса, а според историските извори, била изградена на местото на гробот на Св. Петар, еден од апостолите за кои се верува дека бил првиот епископ. Особено посветете внимание на олтарот на Св. Петар и познатата скулптура на Микеланџело позната по името Пиета.Интересен е фактот дека Ватикан има најмала и најстара армија на светот. Папата Јулиј II ја основал  Швајцарската гарда во 1506 година. Иако има само 110 членови, тие се и те како способни да се грижат за заштитата на Светиот Отец и чувувањето на неговата резиденција.

Плоштадот Свети Петар

Во овој краток водич Рим за почетници мора да се апострофира и плоштадот на Свети Петар.Ова е најголемиот плоштад во Ватикан лоциран пред базиликата Свети Петар, која била изградена во 17 век. Тој нуди прекрасен поглед на базиликата, како и Сикстинската капела на која е познатиот бел оџак, познат по испраќањето на првите сигнали за изборот на нов папа.

Фонтана Треви

Веројатно најпознатата фонтана во светот и секако најубавата во Рим. Изградена во 18 век. Водата се доведува од аквадукт стар над 2000 години кој сеуште е во употреба до ден денес. Сегашниот изглед на фонтаната пред сѐ се должи на архитектот Николи Салви, иако на целиот простор е работено од многу архитекти и уметници, вклучувајќи го и Бернини. Името на фонтанот не доаѓа од некое богато римско семејство, туку од Тривио, што значи “до фонтаната три патчиња водат”. Легендата вели дека ако фрлите паричка во фонтаната, порано или подоцна пак ке се вратите во Рим.

Colosseo (Римскиот Колосеум)

Најголемиот антички амфитеатар кој воопшто е изграден „Amfiteatrum Flavium“ како што  официјално се нарекува може да прими 50.000 гледачи. Бронзениот крст  потсетува на мачениците кои починале таму, а секоја година, на Велики петок, папата го предводи „Via Crucis -патот на крстот“. Денес постојат ископувања во Колусеумот кои откриле необични лифтови за животни кои воделе од  кафезите до арената.

Пантеон

Една од најпознатите зачувани згради во стариот Рим, 2000 година е старо сведоштво за огромната моќ и богатството на империјата. Тајните и лажите секогаш поставуваа проблем за одговорот на прашењето за необичниот дизајн на Пантеон. Огромниот храм бил изграден по наредба на царот Адријан. Експертите, обидувајќи се да ја откријат тајната на Пантеон, дојдоа до интригантната теорија дека храмот е изграден според принципот на сончев часовник. Имено, зракот од сончева светлина ќе го направи својот колосален влез кога владетелот треба да влезе во зградата.

Римскиот форум

Римскиот форум е антички плоштад или форум кој е создаден во времето на раната римска република околу 509 п.н.е. Форумот се протегал на околу 5 хектари и вклучувал неколку објекти . Тој бил центар на политичкиот, правниот, економскиот, културниот и религиозниот живот во античкиот Рим.

Римскиот форум сега е полн со мермерни фрагменти и тлоцрти. Само со помош на имагинација може да се визуелизира претходниот изглед на форумот. Пожари, варвари и нови градби во минатото се одговорни за исчезнувањето на оваа величествена градба.Комплетна слика за форумот може да се добие од висината на  „Piazze del Campidoglio“, а уште подобар поглед од  „Via Sacra“ чии зид се протега долж целиот форум.

Шпански Скали

„Piazza di Spagna“ изгледа малку поинаква од 18-тиот век кога е изградена ама сеуште доминират  двојните скали, познати како шпански скали. Тие се дизајниран од Франческо де Санктис во 1723 година, со намера да ја поврзат „Via del Babuino“ со „Via Felice“. Скалите доведуваат до црквата од 16 век по име Тринита деи Монти, од каде се нуди прекрасен поглед на градот , затоа навистина вреди трудот да се искачите на врвот од скалите.

Само најважните локации се наведени во овој мал водич низ Рим за поченици, но има толку многу интересни места во Рим што дури една недела нема да ни биде доволна за разгледување на Вечниот град. Рим за почетници е за оние кои имаат малку време и сакаат да видат што е најважно.

Travel Advisor – Alpe Adrija

Posjetite naš YouTube kanal.

48 SATI – Italija , a možda i shopping manija ?

Italija u 14 dana

Wine Pronunciation Guide for Beginners

Previous articleОстровите на Тајланд
Next articleЧилито херој на глобализацијата