Travel AdvisorTravel Advisor

Рио , „entretenimento mundial„

Карневалот во Рио де Женеиро е фестивал што се одржува секоја година пред постот и се смета за најголем карневал во светот со два милиони луѓе на улиците. Првиот карневалски фестивал во Рио се случи во 1723 година.

Rio de Janeiro

Типичната карневалска парада во Рио е исполнета со бројни маскирани учесници претежно од училиштата за самба кои се наоѓаат во Рио (повеќе од 200 , поделени во пет лиги ). Училиштата за Самба соработуваат со граѓани кои сакаат да присуствуваат на карневалот заедно, во  некакво регионално здружение.

Постојат посебни правила што секое училиште треба да ѓи исполни за да учествуваат во парадата. Секое училиште започнува со „comissão de frente“ ,тоа е групата луѓе од училиштето кои се појавуваат први. Составени се од десет до петнаесет лица, комисијата de frente го воведува училиштето и го представува стилот на нивната презентација.

Овие луѓе имаат кореографски танци со сложени носии кои обично раскажуваат некоја приказна. Следејќи го „comissão de frente“ кој е првиот кој го предводи училиштето  за Самба, наречен „abre-alas“ („Отворено крило“). По нив следуваат „Местре-сала“ и „Порта-Бандеира“ („Господар на церемонии и носител на знамиња“), со еден до четири пара луѓе, кои ѓи водат танчерките, во кои спаѓаат и старите ветерани.

 

Rio de Janeiro

Одбележувањето на карневалот во Рио датира од 1640-тите години. Тогаш биле организирани  празници за да им се оддаде чест на  боговите. Фестивалот „Ентрудо“ го воведе Португалците и ова го инспирираше раѓањето на карневалот во Бразил. Во 1840 година се случи првото маскирање во Рио, а тогаш полката и валцерот се најдоа во централната сцена. Африканците посредно влиаеја на карневалот со воведување на самбата  во 1917 година, што сега се смета за традиционална бразилска форма на музика.

Кралицата на карневалот во Рио де Женеиро и  двете  придружнички кои имаат должност да ја зголемат  веселбата, заедно со кралот Момо. За разлика од некои градови, во градот Рио де Женеиро, Кралицата на карневалот се бира независно од кое училиште за самба доаѓа. На натпреварите, учесничќите се обично  поставени како втора и трета придружничка, па потоа од нив се избира кралицата .

Венецијанскиот карневал-убавината со маска

Братислава од еден друг агол

Бајковитиот , Копенхаген

 

Previous articleНеколку совети за патување со автобус
Next articleКаналите на Амстердам