Travel AdvisorTravel Advisor

Светскиот ски-центар „Saalbach„ го презеде откажаниот куп во Кина

Спустот за мажи на 13-ти февруари и машкиот супер-Г на 14 февруари 2020 година
сега и официјално е префрлен во Saalbach кој се јави како замена за трката за FIS. Декември 2018 година беше последен пат кога Saalbach обезбедија замена за откажаните трки од Вал д’Исер и Солден. Тие го направија навидум невозможното можно и поставија две трки за само 6 недели. Во оваа прилика, временската рамка е уште помала –  за само две недели   да  постават две трки на Светскиот куп кои се откажани во Кина поради коронавирусот.

Веќе неколку дена се дискутира во медиумите, каде откажаните трки на Светскиот куп од Кина треба да се префрлат. ÖSV и FIS  ја донесоа својата одлука во четвртокот навечер, а Saalbach со своето искуството во организација на трки беше подготвен за овој краткорочен предизвик. Најголем проблем ќе биде наоѓање сместување за 1.000 лица што треба да бидат сместени во оваа област за време на сезоната.

Alois Hasenauer

, градоначалник и претседател на организационата комисија:
„Во 2018 година го направивме за шест недели, само две недели  време е уште еден поголем предизвик. Сепак, знаеме дека можеме да ги направиме овие Светски првенства да се одиграт тука на најдобариот можен начин. Машинеријата што стои зад овој голем настан веќе работи со полна пареа. Нашите екипи во одборот за туризам, компанијата за лифтовите, општината и ски-клубот знаат точно што да прават и да извршат логистичко припреми на највискоко ниво. “

 

Peter Mitterer

, извршен директор на компанијата Hinterglemm Lift:
„Од изградбата на лифтот , ние сме подготвени за големи скијачки трки како никогаш досега. Канцелариите беа интегрирана директно во долината, каде кабините за коментаторите можат да се качат на покривот на станиците, па дури и прес-центарот се наоѓа во новиот објект. Уверени сме дека ќе можеме да направиме совршена трка за толку кратко време и да ја гледаме како добар знак за кандидатурата на Светското првенство 2025 година “.

sdr

Bartl Gensbichler, претседател на  скијачкото здружение во Salzburg и претседател на Schiclub Saalbach Hinterglemm:
„Сите знаеме што треба да правиме! Дури и ако причината е за жал лоша, навистина сме задоволни што можеме да бидеме домаќини на трката за машки спуст и Супер-трката. Среќни сме што можеме да им понудиме на спортистите и на самиот спорт, фаза и шанса да ги одржат трките “.

Travel Advisor – skiing

YouTube

“AND THE LIVING IS EASY” -музички денови на планината „White Pearl„

„Верувале или не„ за Аргентина

Пирин разубавен преку погледот на Гранд Хотел

 

 

 

 

Previous articleГлобалниот феномен „Чили„ пиперката
Next articleПариз од друг агол