Travel AdvisorTravel Advisor

Сигурни , чисти , ефтини туристички дестинации

Светскиот економски форум на секои две години објавува , “Travel and Tourism Competitiveness Report,”, го мери релативното ниво на 136 туристички сектори на земјите, користејќи широк спектар на под-индекси, вклучувајќи ја безбедноста и сигурноста, природните ресурси, стабилноста на инфраструктурата , здравјето и хигиената и ценовната конкурентност.

Сингапур во

13 најдобри земји во светот

Повеќе од 15 милиони туристи годишно ја посетуваат оваа град-држава. Официјалните лица на Сингапур прават напори за зголемување на таа бројка во последниве години: казината беа легализирани во 2005 година, а исто така Сингапур се промовира како центар за медицински туризам.

Австрија во

13 најдобри земји во светот

Меѓународниот туризам е најголемиот дел од економијата на Австрија, со 9% од БДП. Нејзиниот главен град, Виена, е познат како “Град на музиката” поради својата историска улога како европски центар на музиката,  само Виена привлекува околу 4 милиони луѓе годишно.

Хонг Конг во

13 најдобри земји во светот

Автономната територија Хонг Конг во Источна Азија е единаесетата најпосетена дестинација во светот и објави вкупно повеќе од 30 милијарди фунти од меѓународни приходи од туризмот во 2018 година.

Швајцарија во

13 најдобри земји во светот

Туристичката индустрија е важна за економијата на Швајцарија, особено за помалку развиените алпски региони во земјата.

Канада во

13 најдобри земји во светот

Земја во Северна Америка која е втора по големина во светот, и може да се пофали со разновидни пејзажи, клима и култури.

Италија во

13 најдобри земји во светот

Со над 50 милиони туристи годишно, Италија е петата најпосетувана земја во светот. Луѓето ја посетуваат Италија заради нејзината  уметност, кујна, историја и култура, како и нејзиното живописно крајбрежје и плажи.

Австралија во

13 најдобри земји во светот

Популарни места за посета во Австралија го вклучуваат Големиот корален гребен, островот Кенгур и градовите вклучувајќи ги Мелбурн и Перт.

Соединетите Држави во

13 најдобри земји во светот

САД се втората  најголема туристичка дестинација по број на туристи по Франција. Посетите на туристите главно се концентрирани кон природните феномени, вклучувајќи го  Големиот Кањон и Јелоустоун, како и динамичните мега-градови, вклучувајќи го Чикаго, Њујорк и Сан Франциско.

Обединето Кралство во

13 најдобри земји во светот

Туризмот како гранка е огромен дел од британската економија, генерирајќи 9 отсто од БДП на земјата. Англискиот главен град, Лондон, е најпосетениот град во светот.

Јапонија во

13 најдобри земји во светот

Популарноста на Јапонија меѓу туристите продолжува да расте. Таа може да се пофали со 20 објекти кои се прогласени како светско наследство, вклучувајќи ги и  спомениците во Кјото и замокот Химеџи.

Германија во

13 најдобри земји во светот

Германија е седмата најпосетена земја во светот, а нејзиниот главен град, Берлин, е третиот најпосетен град во светот.

Франција во

13 најдобри земји во светот

Западно-европската земја е позната како глобален центар на уметност, науката и филозофијата, која привлекува повеќе туристи од која било друга земја во светот.

Шпанија во

13 најдобри земји во светот

Лоцирана во југозападна Европа, Шпанија може да се пофали со долго и живописно крајбрежје и градови кои се просперитетни центри на културата и историјата.

Европските земји доминираат на глобалното рангирање кое ја мери силата на туристичките сектори на земјите.

извор:thisisinsider.com

Travel Advisor – Travel 

YouTubе

City Break ,City Break ,City Break …

Пет совети , како до „last minute„

7 Европски градови за пролетен одмор

 

 

Previous articleЈордан приказна на блискиот исток
Next articleБарселона ,каталонската кралица