Скијалиштето Nassfeld – сонце и добра забава

Скијалиштето Nassfeld

Мал е бројот на скијалишта на Алпите кои можат да се пофалат со поголем број на сончеви саати во текот на зимскиот период. Дали бројот на вакви скијалишта е 100 или е многу поголем, тешко е да се каже. Но општо познато е дека бело – сината комбинација е таа што е најпримамлива за скијање. Сите сакаат да скијат на сонце. На скијалиштето Nassfeld ваквата ситуација е многу честа и не само што е можна, туку се очекува.

Тоа секако не значи дека нема снег, напротив, патеките се во целосен сјај. Па дури и оние зимски сезони кога нема доволно врнежи од снег на почетокот на сезоната.

скијалиштето Nassfeld

Па да наброиме неколку од најдобрите атрибути кои ги нуди Nassfeld:

Првенствено е да се истакне речиси осум километри долгата скијачка патека Carnia. Оваа патека се спушта во долината до селото Troepolach. Во близина на долната станица на жичарата Милениум Експрес преку која се оди на врвот, се наоѓа одличен хотел Carinzia, еден од најдобрите хотели во регионот. За љубителите на скијање по длабок снег, Nassfeld го овозможува тоа. Кога овде паѓа снег, тогаш навистина паѓа, а тоа е благодарение на Геновскиот или Јадранскиот влажен циклон. Длабочината на снежната покривка често достигнува и до метар за еден или два дена. Затоа постои и организиран freeride центар.

скијалиштето Nassfeld

Скијалиштето Nassfeld се наоѓа во центарот на вниманието благодарение на регионот Gailtal, каде традицијата и името веќе сто години се гаранција за врвен квалитет. Секако препорачуваме да пробате од алпските сирења од долината Gail, чии вкусови ја направија оваа област надалеку позната. Бидејќи скијалиштето граничи со Италија многу близу, всушност само неколку десетици метри подалеку, преку границата има и добар ресторан / пицерија Wulfenia da Livio, во која служи се – од свежа риба од Јадранот, па се до одлични пици.

скијалиштето Nassfeld

Скијалиштето Nassfeld е доволно големо за добра забава. 110 километри долги скијачки патеки, 30 модерни жичарници и поглед кон сите врвови од Триглав и Мангарт, преку Канина и Гросглокценар на север.

Скијалиштето Nassfeld се смета за едно од најдобрите скијалишта во Австрија. Најголемиот дел од хотелите и апартманите се наоѓаат во непосредна близина на патеките и жичарите. Оние кои се пооддалечени, главно, имаат автобуски линии до скијалиштето. Или пак се блиску до автобуски станици од каде со ски-автобус се оди до жичарница.

Посетете го нашиот YouTube канал.

Val d’Isere – најдоброто скијалиште за време на лето

Вал Торенс – ресорт каде среќата е филозофија

Трката Inferno – најголемата аматерска скијачка трка