Travel AdvisorTravel Advisor

Уживајте во „Tignes“ ски-центар ремек дело на природата

Опис

Исто како што Париз ја има Ајфеловата кула, а Лондон го има “Биг Бен” и Њујорк Статуата на слободата, кога станува збор за Тињес, тоа се езерото Тињес, глечерот Гранде Мот и неговата хидроелектрична брана. Од ремек-дела на природата  до гигантскиот споменик направен од човекот. Уживајте во Тињес …

 

На врвот на ски-областа Tignes – Val d’Isère, глечерот Grande Motte на 3656 метри е симбол на ресортот Tignes, што дури може да се види и на неговото лого, прикажано со карактеристичниот бел “бран” спроти позадината од сино небо.

ЕДФ хидроелектрична централа и езерото CHEVRIL

Браната Тињес е меѓу највисоките хидроелектрични брани во Европа и сеуште е највисока во Франција. Дел од пејзажот со величественото вештачко езеро останува емотивен симбол за Tignards кои живееле во старото село Tignes што беше поплавено кога е изградена браната во 1952 година.

Денес, таа стана порта на ресортот, обновен на 2100м од страна на неколку визионерски семејства кои останаа во областа по исчезнувањето на “старите Тињези”.
Скијачка Мека со безброј уредени ски патеки, како и фантастично скијање на off runways. Тоа е прекрасно место за скијање во Француските Алпи.

Места во Tignes

Tignes се состои од три главни населби: Val Claret, Le Lac и Le Lavachet кои се поврзани со бесплатен ски автобус. Дополнителната понуда во градот е богата и заокружена со модерен wellness центар и базен кој може бесплатно да го користите со ски картата Espace Killy. Овој ски ресорт важи за еден од најдобрите во светот и за многу скијачи неофицијално е најдобар ски ресорт во Европа.

Deo Val Claret е, според наше мислење, подобар избор поради близината на возот кој може да Ве однесе на глечерот Grande Motte и врската за Val d Iser, како и поради одличниот ноќен живот. Каде и да се наоѓате во Tignes  (Тигнес), ски патеките се многу блиску до вас и нема да почувствувате никаков напор да дојдете до нив. Tignes разви нов вид на тип на луѓе, т.н. Tignaddict, луѓе кои постојано му се враќаат. Откако ќе го посетите овој ски ресорт, на сите француски ски ресорти ќе гледате поинаку.

Глечероt Grande Motte, кој се издига до 3456м, е заслужен што во Тињес можете да скијате во почетокот на Октомври на 20 км бели патеки. Околу 1ви Мај кога повеќето луѓе размислуваат за море, љубителите на Тињес го одбираат баш него. Ски ресортот работи со полн капацитет, а цените се пониски, има многу забави и манифестации, а сонцето ги осветлува патеките цел ден.

На почетокот на Мај, ски ресортот затвора на неколку недели и повторно отвара во Јуни за летниот Ski, Fun & Bike, кој трае во текот на целото лето.

Што да се прави во Tignes?

Tignes се труди да понуди различна non-entertainment забава од сите други.
На пример, за Новогодишната ноќ, тие организираат огромен огномет со изведба на познат DJ или музичар, пролетен фестивал во Април – Live in Tignes by Les Francofolies, концерти на најдобрите француски музичари и забавувачи.

Исто така постојат и класични тури, како што се snow safari со моторни санки, картинг на мраз, тестирање на џипови, бидејќи Jeep е долгогодишен партнер на овој ски ресорт. XXL SuperPipe е најголемиот halfpipe во Франција, долг 190м, широк 19м и висок 7м и освен во миговите кога се одржуваат некои натпревари е отворен е за сите што сакаат да пробаат.

Tignes е исто така познат по своето езеро во центарот на местото, кое кога ќе се заледи, во него се дупчат дупки. Но овие дупки не се користат како насекаде во светот за риболов, туку за нуркање под мраз. Alban Michon и неговиот тим организираат школи за нуркање под мраз, тие исто така учествуваат во поларните експедиции и акциите за спасување на Арктикот и Антарктикот. Во ова училиште се добредојдени и туристите, кога е убав зимски ден, Среда и Четврток попладне. Оваа незаборавна нуркачка авантура ќе Ве чини околу 100 €.

Извор: SkiFun – Tignes.

Посетете го нашиот YouTube канал.

Скијалиштето Nassfeld – сонце и добра забава

Вал Торенс – ресорт каде среќата е филозофија

Ски центар Valfréjus – забава за сите

Previous articleПродуховена убавина, „Св. Богородица Елеуса (Милостива)“
Next articleЛутраки , убавините на една “природна бања“