Travel AdvisorTravel Advisor

Скијачки центар „Tignes„

Исто како што Париз ја има Ајфеловата кула, а Лондон  “Биг Бен” ,Њујорк Статуата на слободата, кога станува збор за Tignes, тоа се езерото Tignes, глечерот Гранде Мот и неговата  брана со хидроцентрала. Од ремек-дела на природата  до гигантскиот споменик направен од човекот. Уживајте во Tignes

На врвот на ски-областа Tignes – Val d’Isère, глечерот Grande Motte на 3656 метри е симбол на ресортот Tignes, што дури може да се види и на неговото лого, прикажано со карактеристичниот бел “бран” спроти позадината од сино небо.

Хидро-централата и езерото CHEVRIL

Браната Tignes е меѓу највисоките хидроцентрали во Европа и  е највисока во Франција. Дел од пејзажот со величественото вештачко езеро останува емотивен симбол за Tignes .
Скијачката мека со безброј уредени ски-патеки, како и фантастично скијање на природни патеки.Тоа е прекрасно место за скијање во Француските Алпи.

Места во Tignes

Tignes се состои од три главни населби: Val Claret, Le Lac и Le Lavachet кои се поврзани со бесплатен  автобус. Дополнителната понуда во градот е богата и заокружена со модерен wellness центар и базен кој може бесплатно да го користите со ски-картата Espace Killy. Овој ски-ресорт важи за еден од најдобрите во светот и за многу скијачи неофицијално е најдобар ски-ресорт во Европа.Deo Val Claret е, според наше мислење, подобар избор поради близината на возот кој може да Ве однесе на глечерот Grande Motte и врската за Val d Iser, како и поради одличниот ноќен живот. Каде и да се наоѓате во Tignes  (Тигнес), ски-патеките се многу блиску до вас и нема да почувствувате никаков напор да дојдете до нив.

Глечероt Grande Motte, кој се издига до 3456м, е заслужен што во Tignes можете да скијате од почетокот на Октомври . Околу 1ви Мај кога повеќето луѓе размислуваат за море, љубителите на Tignes го одбираат баш него. Ски-ресортот работи со полн капацитет, а цените се пониски, има многу забави и манифестации, а сонцето ги осветлува патеките цел ден.

На почетокот на Мај, ски ресортот затвора на неколку недели и повторно отвара во Јуни за летниот Ski, Fun & Bike, кој трае во текот на целото лето.

Што да се прави во Tignes?

Tignes се труди да понуди различна  забава за разлика од сите други.
На пример, за Новогодишната ноќ, тие организираат огромен огномет со изведба на познат DJ или музичар, пролетен фестивал во Април – Live in Tignes by Les Francofolies, концерти на најдобрите француски музичари и забавувачи.Исто така постојат и класични тури, како што се snow safari со моторни санки, картинг на мраз, тестирање на џипови, бидејќи Jeep е долгогодишен партнер на овој ски-ресорт.Tignes е исто така познат по своето езеро во центарот на местото, кое кога ќе се заледи, во него се дупчат дупки.

Но овие дупки не се користат како насекаде во светот за риболов, туку за нуркање под мраз. Alban Michon и неговиот тим организираат школи за нуркање под мраз, тие исто така учествуваат во поларните експедиции и акциите за спасување на Арктикот и Антарктикот. Во ова училиште се добредојдени и туристите, кога е убав зимски ден, Среда и Четврток попладне. Оваа незаборавна нуркачка авантура ќе Ве чини околу 100 €.

Travel Advisor

Посетете го нашиот YouTube канал.

Скијалиштето Nassfeld – сонце и добра забава

Вал Торенс – ресорт каде среќата е филозофија

Ски центар Valfréjus – забава за сите

Previous articleТајланд , место каде сонцето секогаш сјае …
Next articleЕдна желба за Нова Година , молитва за Божиќ