Travel AdvisorTravel Advisor

Буенос Аирес , “Јужно Амерички Париз” …

Не постои подобар начин за запознавање со некоја земја од дружење со локалното население. Ова апсолутно функционира во Буенос Аирес, поради својот шарм и европската архитектура, често нарекуван “Јужно Амерички Париз”, каде што дружењето е број еден приоритет и каде што секој знае како да танцува. Играта поминува низ крвта на Аргентинците!

Тоа е дом на еден од најстрастните луѓе на земјата. Таа ни го даде тангото, Марадона, Меси и Папата! Се разбира, тоа е Аргентина за која зборуваме – место каде  се  бакнува за ” здраво ” и ” збогум ” . Како сонцето да е малку потопло таму, насмевките навистина заразни, радоста како да е вродена со раѓањето! Секој вистински почитувач на љубовта сака да ја посети Аргентина и Буенос Аирес, а ако планирате да го сторите тоа, информирајте се овде за да ви помогнеме.

Направете фотографија  на Plaza de Mayo. На Plaza de Mayo е Casa Rosada, именувана по својата карактеристична розова боја. Со својата розова фасада и дизајн на дворец, оваа владина куќа е сведок на многу значајни моменти во историјата на Аргентина. Денес во зградата се сместени канцелариите на претседателот на Аргентина, каде што бесплатни едночасовни тури се дозволени за време на викендите но мора однапред да се резервираат онлајн.

Посетете ја улицата Caminito таму ќе бидете воодушевени од нејзините стара и сиромашни куќи насликани во различни бои, изобилство на трговци и изведувачи; но внимавајте таму е безбедно само во текот на денот.Оваа област вибрира во танго ритам и смеа од локалното население – ако сакате да ги пронајдете најдобрите улични танчери и најдобрата забава во текот на денот, не барајте на друго место!

Погледот на мостот Puente de la Mujer ќе ви покаже дека овој кварт ги претставува најмодерните архитектонски трендови во Буенос Аирес, и убаво е да се знае дека многу гости од Европа остануваат тука!

Скако посетете го еден од најдобрите ресторани во градот: посетете го магичниот Ralph’s, кој ќе ве изненади со својот импресивен ентериер, но исто така и со јадења како TiraditoCevicheOsobuco, Ravioli или ресторантот Don Julio кој ги има најдобрите јадења на скара – особено вкусен е националниот специјалитет Parilla!

Аргентинската гастро-бар сцена е вистинска уметност, со понуда на пијалаци од целиот свет, … бидете сигурни дека ќе пробате коктели кои не сте ни помислиле дека постојат, секој бар има барем една уникатност во својата понуда, создадена од нивниот коктел мајстор.

Буенос Аирес – е град на културата и еден од најважните градови во Јужна Америка. Музеи, галерии, театри, библиотеки и сите други светски познати Аргентински институции се наоѓаат во Буенос Аирес.

Аргентина, што значи земја од сребро, е втора по големина земја во Јужна Америка и осма најголема во светот.Оваа земја се соочува со висока инфлација со децении. Во еден период, годишната инфлација изнесуваше 5 000%.

Земја на висококвалитетни вина
Аргентина беше најголемиот производител на вино надвор од европскиот континент до деведесеттите години. Денес тоа е најголемиот и најважен производител на вино во Јужна Америка, а петтиот најголем во светот. Производството на вино главно се одвива во Мендоза.

Подемот на “љубовни хотели”
Само што сте помислиле дека сте нашле пристојно сместување за пристојна цена, двојно проверете да не е љубовен хотел,кој се изнајмува на час. Што може да се случи : само што ќе заспете, и веќе ќе ве разбудат по телефон … ви се јавува на телефонот  рецепционер кој ви кажува дека мора да го напуштите хотелот за 10 мин. Во Аргентина, како и во нашата земја, многу луѓе сѐ уште живеат со своите родители на  30-годишна возраст, па затоа овие љубовни хотели се сосема нормални.

Travel Advisor

YouTube

Пет совети , како до „last minute„

Идеална дестинација според хороскопскиот знак

10 совети за поевтино патување

 

Previous articleПред летање на диета ?!?
Next articleКако полесно на долгите патувања со автобус