Travel AdvisorTravel Advisor

Тестиран е најдолгиот непрекинат лет во светот од Њујорк до Сиднеј

Австралиската авиокомпанија Квантас тестираше долг 19-часовен  лет без прекин од Њујорк до Сиднеј. Полета во петокот на 18-ти октомври и слета во 8 часот во неделата, на 20-ти октомври, завршувајќи ја рутата што ниту една авиокомпанија не успеа да ја направи без да запре.

Секако дека авионите и авиокомпаниите имаат  знаење за да постигнат подобра ефикасност на горивото, подолги опсези и логистичко планирање потпомогнато од компјутер. Производителите на авиони „Ербас“ и „Боинг“ се во обид да развиваат авиони за оваа намена.

Сепак, компанијата сакаше да открие дали и луѓето имаат  издржливост за толку многу часови да поминат во воздухот без пауза.

За време на ова патување од 10.000 милји, со прекар „Project Sunrise“, беа собрани податоци за тоа како да се задржи удобноста на патниците, а пилотите и екипажот во специјални кабини се одмораа  за време на епското патување како што е ова.

Ова не беше комерцијален лет и оние што се наоѓаат во авионот беа дел од 40-члената екипа, вработени во „Кантас“ и двајца научници од австралиските универзитети. За време на 19 часа во воздухот,  патниците  биле опремени со уреди што го следат начинот на спиење, количината на храна и пијалоци, осветлувањето, физичкото движење и забавата  за да го проценат влијанието врз здравјето, благосостојбата и био-часовникот на телото.

На пилотите им бил даден уред што ја следи нивната будност и мозочните бранови. Qantas ја ограничи тежината на авионот и исто така обезбеди  доволно количество гориво за да може да го покрие патувањето без слетување за дополнување на гориво.Извршниот директор на компанијата „Qantas Group“, Alan Joyce рече дека летовите им дале шанса на медицинските експерти да направат истражување во реално време, кое ќе се претвори во нови сознанија за здравјето и благосостојбата на патниците.

Ако се оди добро, Квантас се надева дека ќе ја започне рутата – и директната линија помеѓу Сиднеј и Лондон – до 2022 година. Рутата ќе биде подолга околу 500 милји, додавајќи  еден час време на летот.Подвигот на овој лет го сруши  рекордот на летот што го имаше Сингапур ерлајнс кој управува со  трговскиот лет кој патувал околу 18 часа од Сингапур до Њујорк.

Travel Advisor

YouTube

Подарок за оние кои често патуваат

Амстердам воведува забрана за организирани обиколки на квартот на црвените фенери

Места во светот кои ве повикуваат да ги фотографирате

 

 

 

Previous articleХрана која треба да се проба во Шри Ланка
Next articleБоровец, светски познат ски-центар