Travel AdvisorTravel Advisor

Туристичка авантура , Анталија – Кападокија

 

Вообичаено доколку патувате со авион се слетува на ародромот во Анталија и во нашиот случај после преноќевањето во Антлија , наутро веднаш во организација на туристички водачи се тргнува за Кападокија.

Попатно ќе уживате во восхитувачка екскурзија која води преку планината Таур и ќе се посети Конија, поранешната престолнина на Селџуците. Конија – зелена оаза, каде прекрасните растенија и реки со својата убавина создаваат уникатна смирувачка атмосфера. За време на оваа екскурзија ќе можете да посетите еден од верските светилишта на овие места – мавзолејот на исламскиот филозоф Руми.

Jpeg

Мевљана Руми се смета за основач на редот Мевлевии (вртечки дервиши) чиј танц е божествена молитва и воодушевувачка медитација . Вечерта се пристигнува во Кападокија.

Кападокија – ‚‘‘Земјата на убавите коњи‘‘ е музеј на отворено кој се наоѓа на списокот на светско наследство на УНЕСКО. Земја извадена од соништа и фантастични приказни. Под дејство на водата и воздухот се создале чудни карпести форми- чуда на природата каде што Христијаните изградиле подземни градови, цркви и манастири. На ова место апостол Павле ги води првите христијани, и тука е родното место на Св. Георги и Св. Василиј Велики.

Кападокија пред се е и мистично убав пејзаж создаден од самата природа: розови и бели карпи, природни „магични кули“. Посета на Ѓореме – огромен манастирски комплекс, посебни манастири – секој со своја единствена црква. Самата долина ги содржи најубавите цркви вклесани во карпите, со преубави фрески чии бои ја задржале нивната оригинална свежина. Самото место е под заштита на УНЕСКО.

Овде се наоѓаат светите места на православна Византија: училиштето на Свети апостол Павле, ѕидни слики на православни светци, Библиски теми во антички мурали. Можност за лет со балон на топол воздух над прекрасниот пејзаж на Кападокија  и можност од птичја преспектива да ја видите уникатната убавина на ова место. Во вечерните часови ќе имате можност да учествувате во неверојатна кападокиска вечер каде ќе можете да уживате во локалниот фолклор и интересните танци .

Овде целосно под земја се ископани галерии и простории од десетици километри, изградени уште пред 4000 години од  Хетитите, кои некаде достигнуваат и до 20 ката надолу во внатрешноста на земјата. Тие имале  сè  што му е потребно на еден град – резервоари за вода, магацини за жито, мелници, штали, живеалишта. Според некои историчари, до 80.000 луѓе живееле во  карпестите куќи и подземните градови.

Долината Зелве е природен феномен со “самовилски” карпести оџаци, кои се издигаат на височина од 30 – 40 метри и центар за обука на монаси. Посетете типична работилница за производство на килими каде ќе може да ги видите сите стадиуми на изработка. Во вечерните часови можете да уживате во мистичната церемонија на „ дервишите“, во еден од прекрасните сараи . Комплетна организација на оваа авантуристичко патување може да најдете на следниот линк.

Previous articleПариз од друг агол
Next articleЗошто Саудиска Арабија е неодолива дестинација