Travel AdvisorTravel Advisor

Турција ,никогаш поевтина , секогаш убава

 

Покрај туристичките атракции ,природните убавини ,светски познатите локации и уште многу , многу убавини со кој располага Турција сега можеме да додадеме и уште една можеби баналност но некогаш многу битна, „никогаш не било поевтино во Турција„.

Тоа не е резулатат на намалувањето на цените на аранжманите или авионските билети туку пред се односот на валутите на светските берзи заради Турската криза што го потврди и председателот Ердоган кој рече:”Тие ѓи имаат своите долари а ние нашиот Бог!”

 

Тука пред се станува збор за политички недоразбирања помеѓу Турција и САД после неуспешниот државен удар и изјавата на  Американскиот претседател Трамп на Твитер дека ќе ги зголеми влезните тарифи за алуминиум и челик на 20% односно 50%. Турција почна полека да се свртува кон Русија и покрај проблемите во минатото, и очекува Путин да помогне.

Но Турскиот туризам можеби заради долгата традиција и покрај тековните економско-политички проблеми , покажува голем пораст особено од приливот на странски туристи. Во  јуни 2018  беше забележано доаѓање на повеќе од пет милиони гости. За разлика од 2016 година, кога имаше помалку од три и 2017  година кога имаше помалку од четири милиони пристигнувања.

Само како информација ,Турција нема посебно министерство за туризам туку тоа е заедно со министерството за култура.Сепак и покрај сите проблеми и специфичната поставеност кон туризмот таа директно влиае на најголемиот  конкурент во туризмот, а тоа е Грција.

Ако одите во Турција, можете да очекувате пониски цени од било кога досега, особено подалеку од туристичките центри. Хотелите и авиокомпаниите кои прават пресметки во евра или долари нема да ги намалат цените на краток рок, но ако останат состојбите на берзата какви што се , пониски цени може да се очекуваат за околу 30% или повеќе.

Затоа Турција никогаш не била поевтина и по подготвена да го дочека секој гостин со својата далеку прочуена љубезност.

Travel Advisor – business

 YouTubekanal

сопствен превоз,чартер летови,пакет аранжмани

Јордан приказна на блискиот исток

Одмор во Југоисточна Азија

Што да се види во Мадрид?

 

 

Previous articleСејшели , острови на „вечното сонце“
Next articleПет дестинации каде фотоапаратот е „задолжителен“