Филипините се архипелаг од 7107 острови, кои се протегаат од јужна Кина до северниот дел на ‘ртот Борнео. Островите на филипинскиот архипелаг се со вулканско потекло и најчесто се ридски, се карактеризираат со џунгли, планинска внатрешност, песочни брегови, тиркизно зелена вода и многу корални гребени. Земјата има над сто етнички мешавини и странски влијанија обликувани во уникатна филипинска култура. Филипините се препознатливи по своите смарагдно оризови полиња, мегалополисите, вулканите и насмеаните жители. За подетални информации за цел аранжман на Филипините имате на следниот линк , кратка историја и запознавање со Филипините имате во текстот понатаму.
По повеќе од 300 години шпанско владеење, Филипините се уникатен спој на Југоисточна Азија и европските традиции. Трагите од ерата на Шпанија опфаќаат бујни градски забави, уникатна шпанско-филипинска архитектура, а широко распространетите места за брза храна се влијание на Американците. И покрај сите надворешни влијанија, земјата сè уште е уникатен ентитет.
Филипините се именувани по шпанскиот крал Филип II. Шпанскиот истражувач Руј Лопез во 1542 година,островите Лејтер и Самар, ги нарекол Фелипинас по принцот од Австрија, така што терминот Лас Ислас Филипинас започнал да се користи за целиот архипелаг. Пред прифаќањето на ова име, архипелагот е исто така познат како Ислас дел Пориенте (островите на запад), а исто така е користено и името кое го дал Магелан, Сан Лазаро.
Во текот на историјата овој архипелаг го променил своето име неколку пати. За време на Филипинската револуција, Конгресот на Малолос ја прогласил под името Република Филипини (шпански: República Filipina). Во првите децении на XX век, американските колонијални власти оваа држава ја нарекувале Острови Филипини (англиски: Philippine Islands), што е превод на шпанското име. Од крајот на Втората светска војна, официјалното име за оваа земја е Република Филипини.
Старите доселеници ги нарекле Филипините Дајав, па така е донесен предлог колонијалното име да биде заменето со Република Дајав, и покрај другите предлози.
Посетете го нашиот YouTube канал.