Travel AdvisorTravel Advisor

Употребата на циметот – која е неговата тајна?

Ако се погледне подлабоко во историјата, може да се заклучи дека најголем дел од откритијата се резултат на потрагата по богатство, а богатството се зачините. Глобализацијата во светот всушност започна со трговијата со зачини. Употребата на циметот започнува 2800 години пред Новата ера. Египјаните го користеле за мумификација поради мирисот, кинезите за лекување поради неговите антибактериски својства, а во Рим го палеле за време на ритуалите. Во Европа беше донесен од страна на арапските трговци.

Легендите за циметот не недостасуваа. Се чини дека многумина сакале да ја зачуваат вистината за потеклото на овој зачин преку приказни. Грците го опишале циметот како грмушка чувана од отровни змии. Арапите тврделе дека до циметот доаѓале преку големите птици што живеат во планините. Тие оставале во долината многу месо што птиците го земале и го носеле во своето гнездо кое поради големата тежина се распаѓало. Така дошле во циметот кој птиците го користеле при изградбата на гнездото.
Најдобриот цимет првично потекнува од Шри Ланка (порано Цејлон).

Во античките времиња циметот вредел повеќе од златото. Бил знак на престиж во најбогатите кругови на општеството. За Европејците, потеклото на циметот долго време било тајна. Името (цимет) потекнува од хебрејскиот и арапскиот назив на amomon, што значи мирислива билка – зачин. Се верува дека во XV век циметот бил “повторно откриен” од страна на Португалците, а подоцна холанѓаните и англичаните.

Средновековната кујна била воодушевена од специфичната арома на циметот. Во некои делови на светот, месото се обложувало со цимет за да се спречи неговото расипување.

Циметот припаѓа на ботаничката фамилија лoвор (Cinnamomum verum), а како зачин употребата на циметот е во вид на прав или стапчиња. Циметот на оброците им дава карактеристичен мирис и сладок, нежен и нетранспарентен вкус. Без разлика дали е мелен или цел го збогатува вкусот на класичната кујна со доза егзотика.

На пазарот може да се најдат неколку видови на цимет:

  1. Цејлонскиот цимет или како што го нарекуваат вистинскиот цимет (Cinnamomum verum) доаѓа од Шри Ланка. Сушениот дел од внатрешната кора на ова зимзелено дрво, кое во просек расте 10-15 метри, се користи како зачин. Можеме да го најдеме во две форми – стапчиња и мелен. Цејлонскиот цимет има нежен и зачинет сладок вкус. има светла жолто – кафеава боја.
    Освен за гастрономски цели, исто така се користи во природна медицина поради лековитите својства. Цејлонскиот цимет е најдобар од сите видови на цимет поради неговите лековити својства и посебниот вкус. Циметот е мазен, светло-кафеав и внатрешноста е нешто потемна.
  1. Casia или кинескиот цимет (Cinnamomum casia) потекнува од југоисточна Кина. Некои тврдат дека носи потекло од северна Индија. Вкусот е многу сличен со цејлонскиот цимет и има фин и силен мирис. Се користи целата кора на растението, што му дава потемна и помалку црвеникава боја од оригиналниот цимет. Жетвата и обработката се многу слични на оние кај цејлонскиот цимет.
    Висококвалитетниот цимет се препознава по светло-кафеавата боја, и тенки и нежни стапчиња. Меѓутоа кинеската цимет не ги исполнува овие критериуми: стапчињата цимет се главно подебели, еднострани и темно кафеави.

Квалитетот на циметот зависи од суровината од која се обработува и од каде се добива. Кога чувате цимет многу е важно да го заштитите од светлина и да го затворите пакувањето.

Циметот е многу лековит зачин. Се тврди дека е богат со антиоксиданти и има анти -воспалителни својства. Го намалува ризикот од срцеви заболувања, го намалува шеќерот во крвта и има голем број други “здрави” својства.

Travel Advisor – Вино и Храна

Посетете го нашиот YouTube канал.

Чили зачинот – Херој на глобализацијата

10 најдобри ресторани во Будимпешта

Знаете ли кои инсекти можат да се јадат?

Previous article10 совети за поевтино патување
Next article5 причини за да патувате почесто