Travel AdvisorTravel Advisor

Халкидики , убавина во близина

 

Халкидики, е полуостров и регионална единица на Грција, дел од Регионот Централна Македонија во северна Грција. Автономниот полуостров Света Гора го претставува најисточниот дел на полуостровот.

Главниот град на Халкидики градот Полигирос, кој се наоѓа во центарот на полуостровот. Халкидики е популарна летна туристичка дестинација.

Polygyros

Халкидики е популарна летна туристичка дестинација од крајот на 1950-тите години, кога луѓето од Солун почнаа да ги користат своите одмори во крајбрежните села. Во почетокот туристите изнајмувале соби во куќите на локалното население. До 1960-тите, туристите од Австрија и Германија почнаа почесто ги посетуват Халкидиките.

Potidea Cassandra Halkidiki

Од почетокот на големиот туристички бум во 1970-тите, целиот регион е зафатен од интензивен туризам кој  подразбира развој на сите гранки кои се потребни за развој на оваа област од економијата.

Византиска кула, Nea Fokea

За барем малку да ја доближиме убавината на Халкидиките овде можеме да ви презентираме некои локации кои од мали рибарски села сега прераснаа во вистински мали туристички гратчиња кои нудат се , од традиционалниот балкански туризам со сместување по куќи кои сега веќе се претварат во убави вили и хотели па до елитен туризам во големи ланци од познати брендови на хотели.

Porto Carras хотел во Sithonia

Ситонија , исто така позната како Лонгос, е полуостров на Халкидиките. Полуостровот Касандра лежи на запад од Ситонија и полуостровот Света Гора на исток. Ситонија е исто така главна општина на полуостровот Ситонија. Седиштето на општината е градот Никити.

Неос Мармарас  е исто така град на полуостровот Ситонија.Во 2011 година, Неос Мармарас имал 3.352 постојани жители; сепак, популацијата во летниот период знае да достигне и до 20.000 заради огромниот прилив на туристи. Главните индустрии се туризмот, земјоделството (маслинки, вино и мед) и риболов.

На кракот Ситонија има толку многу сместувачки капацитети , од вили , хостели па до луксузни хотели со пет звезди , за да ви помогнеме да разгледате некој од нив кликнете на овој линк.

Касандра како што веќе спомнавме е нај западниот прв крак на Халкидиките. Административен центар е Валта (Касандрија). Тука исто така во периодот на интензивниот развој на туризмот ,никна нови крајбрежни локации кои се случува преку зимскиот период да немат воопшто жители а во летниот период да се бројат во десетици илјади. И овде особено за нас македонците се многу познатите Полихроно ,Ханиоти ,Пефкохори,Калитеа

и уште неколку „дузини„ помали места кои имаат прекрасни плажи и чисто море.Исто како на Ситонија и на кракот Касандра има  многу сместувачки капацитети , од вили ,  па до луксузни хотели , и овде да разгледате подетално за некои од сместувачките капацитети одете на следниот линк.

Секако на крајот можеме да заклучиме дека особено за македонските туристи заради близината и лепезата на услуги и убавини кои ги има на Халкидиките е меѓу најдобрите избори за викенд и годишен одмор.

Travel Advisor – патувања

Посетете го нашиот  YouTube канал

Лондонски атракции а “free”…

Тиркизниот Занзибар

Прво патување за Кина

 

 

 

 

Previous articleСите бои на Мексико …
Next articleЈапонската храна, декорација на трпезата