Travel AdvisorTravel Advisor

Хургада , море со седум бои

Најубавите хотели во Хургада можете да ги разгледате на овој линк.

 

Хургада – историја

Хургада е основана во почетокот на 20ти век. Со неверојатна брзина Хургада, од мало рибарско село се разви во еден од водечките туристички центри на брегот на Црвеното Море, во кој секоја година многу туристи доаѓаат да се одморат и да ги наполнат батериите за новите работни победи.

Општо за Хургада

Хургада има 261.714 жители. Самиот град е поделен на три дела: Ел Дахар, Сакала и Ел Месма. Сакала, покрај тоа што е центар, исто така е и хотелска област. Во стариот дел на градот – Ел Дахару е најголемата чаршија, автобуска станица и пошта.

Хургада лето 2019

Хургада е бисер на египетскиот брег, поради богатството на флора и фауна, така што туристите кои се од година во година се побројни ова прекрасно одморалиште на Црвеното море со причина го нарекле “море со седум бои”. Летувањето во Хургада е особено интересно за туристите од Италија, Чешка, Германија, како и на се поголем број на туристи од нашата земја, за кои Хургада претставува дестинација за одмор од соништата.

Речиси идеалната позиција на која се наоѓа Хургада им овозможува на туристите можност да организираат голем број различни екскурзии. Поради добрата поврзаност, посетата на рајскиот остров, како и посетата на древниот Египет и многу други екскурзии може да се направат токму од Хургада.

Travel Advisor

YouTube

 

 

МеХико 2019…

Турција ,„башка“ убавина …

„Колосалниот„-Родос

 

Previous articleЧЕСТИТ ВЕЛИГДЕН – симбол на патот кон љубовта Исусова
Next articleДа, Да и тоа е Москва