да го запалиш пламенот на љубовта во себе е најголем пламен
ПАТОТ НА ЧОКОЛАДОТО
Историјата на чоколадото запонува во Америка. Чоколадото, ферментираните, печените и мелени зрна од какаото Теоброма може да се најдат во Мокаја и кај други луѓе од пред-Олмек, со докази за постоење на какао напитоци уште од 1900 години п.н.е. Потеклото на зборот „чоколадо“ најверојатно доаѓа од јазикот на Ацтеките, наватл и во македонскио јазик влегол преку шпанскиот.
Одгледувањето, користењето и културната обрработка на какото се стара традиција и беа распространети во Aмерика. Во археолошките наоаѓалишта, кои датираат од Раниот период (1900-900 год. п.н.е.) беа пронајдени керамички садови со остатоци од подготовка на какао напитоци. На пример, еден таков сад кој беше најден во археолошкото наоаѓалиште кај Олмек, на Заливниот брег во Веракруз, Мексико, ја покажува подготовката на какао од луѓето пред-Олмек, уште од 1750 година п.н.е.
На брегот на Пацификот во Чијапас, Мексико, археолошкото наоаѓалиште Мокаја има докази за какао напитоци, кои датираат уште порано, од 1900 гофина п.н.е. Маите и нивните предци во Мезоамерика го земале дрвото од прашумите и го одгледувале во нивните дворови, каде ги собирале, распалувале, печеле и ги мелеле претворајќи ги во тесто.
Европејците го засладувале додавајќи шеќер и млеко, за да направат цврсто чоколадо создавајќи ја современата табла од чоколадо. Иако потеклото на какаото е од Америка, денеска Западна Африка произведува речиси две третини од светското какао, а Брегот на Слоновата Коска произведува околу половина од тоа. Денеска чоколадото е еден од најпознатите и најпрепознатливите вкусови во светот. Постојат многи јадења кои содржат чоколадо како штп се: табли од чоколадо, бонбони, сладолед, колачиња, пити, чоколадна крема, напитоци и други десерти.
патот на виното
Во Античка Грција виното ја претставувало крвта на Дионис, истовремено било и напиток на бесмртноста. Во кинеските тајни здруженија, пак, виното (од ориз) се мешало со крв и при заклетвата се служело како причесно пиење, кое овозможувало да се доживее и старост од 199 години. А виното како симбол на сознание и просветеност го познаваат сите преданија, а посебно дионизиските митови.
Во библиското предание виното е пред сè симбол на радост, но и симбол на сите дарови што им ги дава Господ на луѓето. Виното како предизвикувач на пијанство е исто така и симбол на залуденост со која Господ ги казнува неверните и бунтовниците.
Во Новиот Завет виното има голема симболика, иако не е секогаш лесно да се протолкува. Така на пример не е лесно да се протолкува претворањето на водата во вино што го направил Исус Христос на свадбата во Каан. Или на последната вечера, Исус на виното му дава нов симбол со зборовите: „Ова е крвта моја.“Виното се доведува во врска со крвта како по бојата, така и по своето значење како билна есенција, па оттаму претставува напиток на животот или на бесмртноста.
патот на љубовта
Еее , Патот на љубовта , најпотребниот , тешкиот , Божјиот … ама овде ќе го искористам најпознатото ,најакото, ненедминливото …. и на сите луѓе и на сите вери и на сите јазици ќе им посакам да љубат ,да го сакат најближниот свој, ЧОВЕКОТ…..НАЗДРАВЈЕ и АМИН
Да зборувам на сите човечки јазици, па дури и на ангелски, штом љубов немам, ќе бидам бакар што ѕвони, или кимвал, што ѕвечи.
Да имам пророчки дар и да ги знам сите тајни, да ги имам сите знаења за сите работи, а и така силна вера, што и планини да преместувам, – ако љубов немам, ништо не сум.
И да го раздадам целиот свој имот, да позволам телото да ми изгори, – штом љубов немам, ништо не ми користи.
Љубовта е долготрпелива, полна со добрина, љубовта не завидува, љубовта не се превознесува, не се гордее,
не прави што е непристојно, не бара свое, не се срди, не мисли зло,
на неправда не се радува, а на вистина се радува,
се` извинува, во се` верува на се` се надева, се` претрпува.
Љубовта никогаш не престанува, а другото, ако се пророштва, ќе престанат; ако се јазици – ќе замолкнат; ако се знаења – ќе исчезнат.
Оти по нешто знаеме и по нешто пророкуваме;
а кога ќе дојде совршеното, тогаш ќе исчезне делумното.
Кога бев дете, зборував како дете, како дете мислев, како дете размислував; а кога станав маж, го оставив детинското.
Сега гледам нејасно како во огледало, а тогаш – лице во лице; сега знам нешто, а тогаш ќе знам како што сум познат.
А сега остануваат овие три работи: верата, надежта и љубовта; најголема меѓу нив е љубовта.