Travel AdvisorTravel Advisor

Шангај за 24 часа…

 

Шангај е град во кој за секого има по нешто. Интересирањата се различни ,но сепак ако сакте да ги видете најатрактивните локации во Шангај , а немате многу слободно време најдобар избор ќе ви биде Nanjing Road i People’s squareThe Bund, Pudong и за крај  крстарење по реката Huangpu.

Посетата на Шангај најдобро да ја започнете на западниот дел од улицата Nanjing. Nanjing Road е главна шопинг улица со многубројни продавници на сувенири и големи трговски центри со домашни или странски брендови.

Ако тргнете со подземна железница најдобро е да излезете на станицата West Nanjing Road , па од овде да се движете накај исток. Поминете го главниот шангајски плоштад People’s square, кој ја дели Nanjing улицата на источна и западна. Понатаму продолжете до брегот на реката Huangpu каде се наога најголемото шеталиште The Bund од каде имате прекрасен поглед на футуристичките солитери на финанскиот центарна Кина– Pudong.

На The Bund се наоѓаат зградите на многу банки , трговски куќи , конзулати ,хотели ,…Fairmont Peace Hotel, HSBC building, Customs House and China Bank of Communications Building се главни симболи на Bunda. На крововите од некои згради се наогат барови во кои можете да се освежите после обиколката на овој дел од градот и да уживате во својот омилен пијалок.

Многу е интересна и зградата Shanghai World Financial Center. Во облик е на отварач за шишиња па овдешните граѓани така ја викат. Таа е градена на три нивоа а на највисоката точка од 474 метра има стаклен под.

Можете даја посетете и Shanghai Tower којае довршена 2015 год. па со своите 632 метри е втор највисок облакодер на светот , веднаш после Burj Khalife во Дубаи. На 118 и 119 спрат се наоѓа кружнo набљудувалиште од кое се гледа најубавата панорама на Шангај. Солитери и згради се протегаат во недоглед на сите страни по што ќе заклучите колку е огромен Шангај.

Шангај е град во кој летото рано паѓа ноќта , па интресно е да се посетат некои места додека е сеуште ден и да го чекате залезот на сонцето за да можете да уживате во ефектите кои ги прави светлината при залезот на сонцето низ солитерите и се прават вистински мали спектакли од бои.

На крајот од денот ви препорачуваме да одете на крстарење по реката Huangpu која помеѓу старите и модерните згради го наоѓа својот пат .Додека ги гледате лепезите од боја над градот и прекрасната архитектура од брегот ве поздравуваат прекрасните градби на Шангај.

Travel Advisor

YouTube

Лондонски атракции а “free”…

Запознајте го Дубаи навечер!

Болоња & Парма & Модена & „Ferrari“

 

 

 

 

Previous articleТајните на „Notre Dame„
Next articleПред летање на диета ?!?