Travel AdvisorTravel Advisor

Што да се прави кога падне ноќта? – Сингапур

Ноќта во Сингапур паѓа рано. Речиси точно во 18 часот и во зима и во лето. Сингапур е на екваторот, па менувањето на денот и ноќта е скоро исто време цела година. Значи, прашањето е:

Што да правите кога ќе падне ноќта? – Сингапур

Сингапур е особено привлечен по залезот на екваторското сонце. Ова често не значи дека ќе залади , но сепак станува попријатно. Што да правите кога ќе падне ноќта? – Сингапур.

 

По паленњето на осветлувањето  околу заливот, пристаништето изгледа како скулптура од некоја модернистичка бајка. Во Сингапур како да нема “лоши момци”. Сите се насмеани и ноќта е исто толку сигурна колку и денот.

Има повеќе места каде што е убаво или подобро да се каже дека е неверојатно, да се шетате во вечерните часови, во околината на хотелот  Marina Bay Sands секако е најатрактивна. Gardens by the Bay – градините од заливот изгледаат како сет за снимање на некој СФ филм. Најпознати се атракции на овој град. Над милион растенија, дваесет милиони посетители во рок од две години откако е отворен. Не се плаќа билет. Еднакво е интересно и дење и ноќе.

Сингапур уште  во средината на осумдесеттите, ноќите беше величенствен со своето осветлување.  Orchard Road, главната шопинг-улица на овој град на остров, беше полна со светла што ги користевме само за Нова Година. Во Сингапур,  улиците беа украсени  целата година. Со текот на годините, Сингапур го прерасте имиџот на град за шопинг  шверцување на ефтина забавна електроника.

Денес е  еден од најмодерните  град во светот полн со суперлативи. Околу вештачкото езеро во Марина Беј, има изградено градби кои нема да ги видете никаде. Од хотелот Hotela Marina Bay Sands со базен на врвот,  градина покрај заливот, трговски центар и казино до концертни сали со невообичаена форма. Тој го изгуби епитетот “Азија за почетници” од ерата кога беше мешавина на азиската и европската култура. Денес,  се повеќе и повеќе е цел на патување, а не само транзитна земја. Исто така, треба да се спомене  аеродромот  Changi  каде времето помеѓу летовите може да биде многу пријатно поминато.

Сингапур – Што да направите кога паѓа ноќта?

Дел на градот што треба да ги посетите по зајдисонце е Clarke Quay, каде што сите излегувања почнуваат. Orchard Road е некогашен центар на градот и е добро одржуван до денес, Beach  баровите на островот Sentosa за релаксирана атмосфера, кинескиот кварт за добар и ефтин оброк ноќе и секако градините покрај заливот.

 

Најдоброто место да се оди е во roof top баровите кои се шират во Азија и во светот како вирус. Овие се, како по правило, елегантни места со добро обучен  професионален персонал.  Најпознати се Loof, кој беше прв во оваа конкуренција, Lantern во хотелот Fullerton Bay, Level 33 со најдобар поглед на Марината и неговата пиварница, CE LA VI е многу луксузен бар и на прво место 1-Altitude  One Raffles Place.

Travel Advisor – YouTube kanal.

Со Т.А.Атлантис во Сингапур

Најдобрите „спа“ во светот – No.1. Mauritius

Пет најубави места за патување периодот

Сигурни , чисти , ефтини туристички дестинации

 

 

Previous articleАЗУРЕНИОТ БРЕГ за ВЕЛИГДЕН
Next articleМитови за евтини патувања на кои не треба да им верувате