Дали некогаш сте се запрашале каде e некое место? Travel and leasure ги открива најбараните термини во категоријата “Каде е”. Дестинации, како што е Хрватска ,овде во Македонија е смешно да не се знае каде е, дури и писателот на овие редови ја има посетено со екскурзии ,Загреб, Плитвице,Сплит ,Дубровник и.т.н.
Во Европа е многу позната по своето прекрасно Јадранско море , многуте острови ,хрватските кулинарски специјалитети (незаборавниот Стево Карапанџа) и секој просечно информиран становник на стариот континет ја занае Хрватска или Croatia по име, локација и нејзините убавини. Но, ако прашате некој Американци, тешко да ја најдат на картата прекрасната Lijepa naša domovino Хрватска. Дали знаете каде е Хрватска?
На пребарувачот на Google во 2018 година, една од најчестите пребарувања со почеток “Каде беше” често се наоѓаше “Каде е Хрватска?”. 10 најчести зборови “Каде е”:
1. Каде е Универзитетот во Виланова
2. Каде е Хрватска
3. Каде е „Parkland“ Флорида
4. Каде е ураганот Фиренца
5. Каде е ураганот Мајкл
6. Каде е моето гласачко место
7. Каде е Пјеонџанг
8. Каде се наоѓа Амазон
9. Каде е рајот Калифорнија
10. Каде е роден принцот
Еве, Хрватска е втора на листата. Очигледно Хрватска е баранo но мистериозно место?!? За оние кои не знаат, Хрватска е држава во Европа. Ако сакате подробно , границите се наоѓа на брегот на Јадранското Море низ Италија , Босна и Херцеговина, Унгарија, Црна Гора, Србија и Словенија.
Туристичката сезона во Хрватска трае од април до октомври, тогаш е најубавото време за уживање во се што нуди оваа земја. Најпопуларна е во текот на летото, и е позната по своите прекрасни острови и спектакуларни плажи. Особено Далмација, лоцирана по должината на брегот од Задар до границата со Црна Гора.
Покрај прекрасната морска обала, Хрватска нуди многу повеќе. Неверојатни градови богати со културно наследство, историска архитектура со прекрасни цркви, катедрали и музеи. Гурманите можат да уживаат во одлични ресторани и традиционална храна, што е навистина нешто со што може да се пофали оваа земја.Во оваа прилика сакaме да истакнеме и неколку места за кои македонските туристи се посебно заинтересирани и да презентираме некои специфики кои покрај прекрасната природа ги нудат и лубезните домаќини и убавите ресорти кои ги има секакви видови долж Јадранскиот брег. Ах… од каде да почнеме:
LANTERNA SUNNY RESORT BY VALAMAR Poreč
CROATIA Baška Voda (Makarska)
VILLAS RUBIN Rovinj (Rovinj)
ADRIATIC Dubrovnik (Dubrovnik)
Откако ќе ја посетите Хрватска, не само што ќе ги импресионирате вашите пријатели со слики од прекрасното место, туку и вашето познавање на географијата ќе биде на повисоко ниво. Не само што ќе знаете каде е Хрватска туку уште повеќе ќе ја засакате.
извор:travelandleisure.com
Многу повеќе детали за Хрватското приморје и континенталнот дел на Хрватска , автобуски или авионски пакет аранжмани Т.А. Атлантис