Јапонскиот регион Shonai кој се наоѓа на западната страна од префектурата Yamagata во северна Јапонија е уникатно поставен помеѓу Јапонското Море на запад и планините на север, исток и југ.
Областа има огромни рамнини и пристап до океанот, со изобилство на природни ресурси кои локалните жители ги користат со векови во традиционалните техники и иновации при подготовката на вкусни јадења.
Од таа причина, Шонај ја освои титулата food capital и секоја агенција или гастрономска организација треба да ја има оваа локација како свој таргет.
Храната е сериозна работа. Во Јапонија се сфајќа многу повеќе од тоа, така што дури и сезонските промени не се занемаруваат како и временските, туку се деталено се мери и архивира како и деталните агротехнички прегледи на храната, што укажува на тоа што и како да се превземе во соодветно време.
На пример, Tsuruoka City е глобално признат за својата гастрономија и му беше доделена чест да биде УНЕСКО- креативен град на гастрономијата – единствениот во Јапонија од 2018 година.
Наградата им беше доделена поради изобилството на различни агро-култури, прерасната локална храна и регионалните јадења, кои секогаш се произведуваат со сезонски состојки. Исто така постојат и фестивали на стари специјални јадења, како што е интересната dadachamame (мешункасто растеније) ,ориз, Јамагата бренд говедско месо и посебното Шонај свинско.
Јапонците велат дека добрата прошетка го стимулира апетитот, а кој е подобар начин од тоа да се качете на планината Агуру? Планината е еден од трите свети врвови во регионот познат колективно како Dewa Sanzan.
Продолжи по патеката и стигнете до врвот на планината Агугу, каде што ќе го најдете прекрасниот Sanjin Gosaiden; совршено место за одмор. Овде можете да уживате во вашата награда за вашето напорно качување: поедноставен вегетаријански специјалитет shojin ryori, кој со векови им служи на аскетските монаси.
Постојат десетици фантастични локации за да уживаат во престој во традиционална јапонска гостилница, но најпознат е Yunohama Onsen, историско рекреативно одморалиште што е старо околу 1000 години.
Со луксузен поглед на зајдисонце, уживајте во удобноста на отворената бања во Камеја, славна јапонска стилска бања во која домаќин е Јапонскиот император.Овде може да го добиете едно од најпрестижните јадење во Јапонија: kaiseki оброк.
Уживајте во секој сезонски локален специјалитет во Шонај, има што да понуди и да го јадете вашиот оброк со локалната позитивна енергија за да го завршите вашето искуството од овој прекрасен Јапонски крај кој изобилува со неа.