Travel AdvisorTravel Advisor

„Изгубениот град” Петра , Јордан

 

Јордан е древна егзотична земја со неверојатна историја. Полна со легенди и традиции, богато културно наследство, архитектонски атракции, прекрасни плажи на Црвеното Море и лековити води на Мртвото Море. Таа зазема посебно место во развојот на светските цивилизации и религии. Официјалното име е Хашимитска Кралството Јордан. “Хашемитска” значи дека владејачката династија потекнува од фамилијата на пророкот Мухамед.

Ако одберете да патувате во Јордан, треба да знаете што сакате да  видите таму. Јордан нуди многу содржини, а времето е секогаш кратко.

Градот Петра, е чудесно место и едно од светските чуда. Името Петра значи “карпа”, што е разбирливо кога ќе дознаете дека целиот град е врежан во карпата.

Во ова прекрасно место може да се дојде само по тесен планински пат и карпеста клисура која достигнува  висина до 200 метри. Сепак,напорниот пат вреди, бидејќи она што ве чека е можеби најсмелото место во светот. Ќе бидете фасцинирани со способноста на древните цивилизации пред многу векови да се изгради град во карпа кој и ден денес привлекува  многу туристи.

Една од најважните градби во Петра е ризницата  Khazne al-Firaun. Прекрасната архитектонска градба била наводно изградена, или подобро речено, изрезбана во 1 век п.н.е. Врз неа има големо влијание и римската култура па дури има  и римски амфитеатар. Во градот има бројни гробови и манастири кои се издвојуваат со својата убавина и изгледаат како скулпторски уметнички дела.

Главниот град на Јордан е Аман. Тоа е модерна метропола  кој не е далеку зад урбаните центри и начинот на живот во западните центри и метрополи. Но,сепак се уште сме на Блискиот Исток, па Аман (како впрочем и повекето градови овде) се состои од два дела кои се сосема различни. Истокот е исламски и конзервативен.

Овде можете да го проучите животот на традиционалните Јорданци и да разберете колку се разликуваат од нашите секојдневни животи. Западниот дел е посовремен и дава поинаква слика за жителите на главниот град на Јордан. Треба да ги посетите и двата дела на градот и да навлезете , ако сте во можност во животот на Јорданците за да ги запознаете сите тајни на оваа специфична култура.

Wadi Rum или “Долината на Месечината” е пустинска област во јужниот дел на Јордан полна со пештери, лакови и карпи. Постојат бедуински кампови каде што можете да преспиете. Наместо хотелска соба можете да изнајмите шатор, наместо кафе да се напиете бедуински чај, наместо да ја поминете ноќта во ноќен клуб,  слушнете ја тишината на ѕвезденото небо.

Мртвото Море е солено езеро од кое водата не истечува. Површина му е 600 km ² и се наога во депресија од 396 m под нивото на морето. Тоа е дел од јорданскиот процеп и е северно продолжение на т.н.  источно африкански процеп. Мртвото Море е најниско  езеро на Земјата, но не е и најдлабоко, иако дното  на езерото е на -794 метри надморска височина.

На пат кон реката Јордан ќе забележите мала разлика во животната средина. По пустината почнува да се развива  вегетација. На местото на Исусовото крштевање воопшто нема вода и мора да се оди неколку стотици метри за да стигне до реката Јордан. Постојат капели и некои дрвени структури каде што можете да се одморите. Луѓето  облечени во бела облека се капат во реката. Израелците  поставија брана и го сменија текот на  реката Јордан, така што овде реката е прилично плитка.

 

Travel Advisor

Посетете го YouTube

Овде можете да најдете комплет аранжмани за Јордан.

Некои од најубавите острови во светот

Крстосување по мистериозниот и убав Нил

Малтешки ред , тајните убавини на Малта

Previous articleУбавините на уникатната филипинска култура
Next articleВитлеем , родното место на љубовта