Travel AdvisorTravel Advisor

10 совети за поевтино патување

  1. Започнете со штедење на време

Почнете на време да одвојувате пари за вашето следно поевтино патување. Определете ја целта, износот што ви треба и размислете однапред. Дозволете вашата мотивација да биде авантура што ја очекувате. Ќе се чувствувате многу подобро кога ќе знаете дека барем дел од финансиите потребни за вашиот одмор се подготвени однапред.

2. Резервирајте патување надвор од сезона

Ако немате деца на училишна возраст, најдобро е да патувате надвор од сезоната. Тогаш сè е значително поевтино, и има помалку народ, така што одморот ќе биде поубав.

  1. Избегнувајте типични туристички собири

Сигурно знаете дека местата каде што има повеќе туристи се поскапи. Избегнувајте ресторани, кафулиња и продавници во близина на најважните знаменитости. Распрашајте се, каде јадат локалните жители, истражете ја дестинацијата, и сето тоа ќе се покаже многу поевтино и најверојатно и многу подобро.

  1. Згответе нешто и самите

Ако не сте обожавател на секојдневната посета на ресторани, заменете го хотелот со стан или куќа каде што ќе можете само да си подготвите оброк и да заштедите пари. Ако не сакате да го губите вашето време на готвење, тогаш во локалниот супермаркет сигурно ќе најдете поевтини оброци отколку во рестораните.

  1. Прошетка, прошетка и прошетка

Секој град најдобро ќе го истражите пешки. Така најдобро ќе го запознаете местото кое го посетувате, а исто така ке видите многу повеќе отколку со автобус, воз или метро. Придружете се и на некоја тура со туристички водич, бидејки од водичите можете да слушнете информации кои самите можеби не би можеле да ги откриете.

  1. Не престојувајте во хотели

Годишниот одмор не секогаш мора да се помине во хотел, особено ако сте ограничени финансиски. Постои богатство од опции и веб-страници каде што можете да најдете одлично сместување во некој стан или куќа. Тоа е поевтино и ќе бидете во интеракција со локалното население. Couchsurfing и хостелите се исто така опција за млади патници без премногу барања и кои бараат авантура.

7. Користете купони за попусти

Исто така можете да заштедите при резервација на сместување и купување билети, со користење на купони за попусти. Постојат безброј портали и групи на социјални мрежи каде што можете да ги најдете, само треба да мислите на време.

  1. Играјте на среќа

Пробајте нешто сосема ново и различно. Резервирајте патување на слепо. Во прашање е само периодот на патување и видот на патувањето, и тоа е тоа. Ќе ви биде понудена повратна цена, но откако ќе платите ќе знаете точно каде одите. Сместувањето и трансферите до дестинацијата не се вклучени во цената.

  1. Планирајте ги вашите трошоци однапред

Сметајте на непредвидени трошоци за време на патувањето. Секогаш мора да имате одредена сума на трошоци како превоз, такси и други работи за време на патувањето.

10. И секако бидете сигурни да го проверите здравственото осигурување!

Travel AdvisorПатувања.

Посетете го нашиот YouTube канал.

Пет најубави места за патување периодот

Идеална дестинација според хороскопскиот знак

Декември во Европа – места кои треба да ги посетите

Previous articleОстровот Бали – што да се посети?
Next articleУпотребата на циметот – која е неговата тајна?