Travel AdvisorTravel Advisor

“Koh Kood” – Тајланд каков што некогаш бил

Тајланд како што бил порано
– KOH KOOD-

Ако имате слободен и авантуристички дух  жеден за нови возбуди, Тајланд е единствен и убав за исполнување на вашите мечти. Добри луѓе, позитивна енергија и слобода – тоа секогаш ќе ве пречека во земјата на 1000 насмевки.

Источен Тајланд
Посетете го источниот дел на Тајланд, дел кој  за среќа, сеуште не е паднат под влијание на масовниот туризам. Од четирите острови што вреди да ги посетете на ова патување, како шлаг на крајот, одете на незаборавниот Кох Куд (Ko Kut).

Лоциран на југ од попознатите острови Чанг и Маак, по должината на границата со Камбоџа, Кох Куд е планински остров, покриен со фасцинантна џунгла. Неговите западни и јужни страни кријат едени од најубавите песочни плажи на овој дел. Затоа Кох Кудт е горд и заслужен што го носи името “Малдиви на Тајланд”.

Животот на островот
Само oколу илјада жители живеат на островот, што го прави само сезонска дестинација. Островот е поврзан со пат, изграден пред неколку години , па затоа е квалитетен и безбеден за возење. Од главниот пат,  земјени патчиња ќе ве доведат до прекрасни заливи, кои се протегаат до долги рајски плажи, полни со вегетација, бел песок и кристално чисти води.

Плажите не се пренатрупани, па можете да  имате среќата  да бидете сосема сами и да пливате голи.
Бидејќи на островот нема јавен превоз, најдобриот начин да се истражи и открие сета  убавина е изнајмување на скутер кој ќе ве чини 250 бахти  дневно.

"Koh Kood" - Тајланд каков што некогаш бил

Седумте водопади
Островот покрај плажи има и водопади, вкупно седум. Најпознат е  Klong (slap) Chao , кој се наоѓа во централниот дел на островот. Ако сте авантуристички расположени, можете да пешачете низ џунглата покрај петстотини години старите дрвја.

Рибарските села Ао Јаи и Ао се посебна атракција на Кох Куд. Изградени на вода, овие села се вистинско животно искуство штоможете да го поминете со семејствата на рибарите.

Пријатен престој во еден од многуте ресторани и уживајте во деликатеси направени од свежо фатена риба и морски плодови по одлични цени.
Ако  сакате мир и недопрена природа, ова е место за вас.

Кох Куд е Тајланд како што некогаш бил.

Подетални информации за патување во далечните азијски земји информирајте се овде.

Travel Advisor – YouTube

Островот Бали – што да се посети?

Острови во Тајланд за кои сонувате!

Пекинг…не треба ништо повеќе да се рече

 

 

.

 

Previous articleМарсеј е главен град на медитеранската култура
Next articleБарселона ,каталонската кралица