Знаеме дека Хрватските плажи се меѓу најубавите плажи во светот.Не можеме да знаеме која посебно, бидејќи луѓето имаат различни омилени плажи.
Ова не е селекција на најдобрите или најубави плажи во Хрватска, туку едноставно листа на плажите што ги сакаат странците.
Значи, кои плажи се најубавите? Еве што избрале:
Bačvice, Split
Како што велат тие, научија дека Bačvice е убаво место. Bačvice се најдобри, со најубави девојки кои работат во кафулињата и момчиња што се фрлаат во вода … Picigin е форма на спиритуалност или можеби активна медитација. Ова е плажа која секој странец мора да ја посети.
Zlatni rat, Bol
Постојат многу плажи на Медитеранот, но никоја не е како Zlatni rat. Тиркизно море и сребрени камчиња. Со постојано присуство на бранови и ветрови, рај за windsurfers-ите и сите други. Многу плакати што ја претставуваат Хрватска на саеми за туризам имаат слика на оваа прекрасна плажа.
Dubovica Bay, Hvar
Островот Хвар и неговата околина нудат многу заливи и плажи. Странците ја сметаат Дубовица како оригинална и најомилена. Не е длабоко, тоа е совршено за семејства со деца. Во позадина е прекрасната Вила Бенета, па единствените работи што го нарушуваат мирот во текот на летото се премногуте јахти и едрилици. Хвар е познат по својот бурен ноќен живот, но ѓи има и оние кои доаѓаат заради водата и пливањето . Дубовица е омилена кај оние кои сакаат малку изолација и романтична атмосфера.
Zrče, Pag
Островот Паг на кој е лоцирана можеби најпознатата хрватска плажа. Дефинитивно не е за секого, но за одредена популација на млади Британци, Скандинавци и други дефинитивно е. Некои дури и не знаат каде биле, со други зборови дека биле во Хрватска. Сепак, заради тоа не треба да заборавиме на убавината и големината на самата плажа.
Lopar, Rab
На островот Раб, најпозната плажа е една од ретките вистински песочни плажи на хрватската страна на Јадранското Море. Оваа плажа е омилена меѓу семејствата со мали деца. Плажата е исто така популарна кај нудистите. Едно од најпопуларните плажи во Хрватска.
Banje, Dubrovnik
Оваа е фенси плажа со најубавиот поглед на Дубровник. Ако има некоја дестинација во Хрватска позната на странците, тоа е Дубровник. Откако ќе се извлечат од градскиот метеж и сакат да пливат, Бање е идеален избор. Затворена, но сепак преубава плажа со сите работи кои го прават вашиот престој таму пријатен. Можеби не е евтино, но и не треба да биде. Бања е уникатна.