Travel AdvisorTravel Advisor

“SAFE Global” – апликација за безбедно патување

 

Со проверка на локацијата , geo-fencing и предупредување за итни случаи, “SAFE Global” ги поврзува корисниците со пријателите, семејството и има 24-часовна поддршка насекаде во светот.

Дали некогаш вие и вашето семејство се прашувате за безбедност додека патувате во странство?

“SAFE Global” е иновативен придружник за патничка безбедност, овозможувајќи им на корисниците да се поврзат со семејството и пријателите каде и да се во светот, како и да останат ажурирани за тоа што се случува околу нив.

Апликацијата е особено важна за младите, тие патуваат почесто и го прават тоа самостојно. Повеќето од нив носат паметен телефон кога патуваат и може да  ја користат оваа технологија кога станува збор за планирање од аспект на безбедноста.

Со големиот број на безбедносни карактеристики, “SAFE Global” ги поврзува корисниците со пријателите, семејството и сите локации од кои имате потреба, каде и да се наоѓаат во светот, дозволувајќи ви да патувате подалеку и побезбедно. За iPhone и Android , “SAFE Global” спремен за употреба и подготвен за патување во земјата и странство.

“SAFE Global” вклучува:

-Три уникатни безбедносни  карактеристики кои ве поврзуваат со 24/7 подршка за БЕЗБЕДНОСТ:
-SOS (непосредна  двонасочна аудио врска со нашите обучени оператори).
-БЕЗБЕДЕН Повик ( двонасочна аудио врска за  ситуации кои се итни, но не се моментално опасни по живот, со можност за повратен повик).
-БЕЗБЕДЕН Тајмер (тајмер поставен од вас да го предупреди Центарот за примање аларми).
-Следење контакти во живо – управувано индивидуално.
-Geo-fencing (сакате да предупредите некого ако сакате да го променете курсот? -Автоматски го известува примарниот контакт кога  оставате виртуелна порака).
-Пријавување со еден допир (ги известува одредените контакти за вашата локација).
-Вести во однос на вашата локација или следната дестинација.
-Карта што ги прикажува најблиските болници / полиција / амбасади каде и да сте, со детали за контакт и упатства.
-Детални извештаи за земјата преку е-пошта.

Сето ова се постигнува преку елегантно и практично корисничко решение што работи од централен, лесен за следење интерфејс од кој секоја посебна апликација е лесно достапна и управувана.“SAFE Global” е достапен за бесплатно симнување на App Store и Google Play.Lite верзијата ви овозможува да користите одредени бесплатни функции, без никакви обврски. Две надгрдени верзии – Pro и Ultimate – обезбедуваат пакет услуги за лична безбедност и информации за локација, вклучувајќи 24/7 одговор од нашиот центар за примање на аларми  во Англија (ARC).

Travel Advisor – Travel 

YouTube

Скијачки центар „Tignes„

Убавините на уникатната филипинска култура

Топ 10 туристички земји

 

 

 

 

Previous articleНЕАПОЛ – град на сонцето и град на светлината
Next articleПампорово-Бугарија , еден европски ски-центар