Travel AdvisorTravel Advisor

„Salar de Uyuni„ , на границата помеѓу Боливија и Чиле

Огромната површина покриена со слој сол дебелина од неколку метри не е  само туристичка атракција , туку има и голема економска вредност за Боливија.

Иако Lonely Planet го опиша како „најголемо ништо на планетата“, солта содржи литиум, кој е главната компонента на повеќето модерни батерии, а Боливија има околу 43% од светските резерви.
Патувањето од Ла Паз до Ујуни е долго и доста напорно ако некој патува со автобус.

Ујуни на крајот на светот

Од вкупното растојание од 570 километри, две третини не се асфалтирани, а автобусот вози доста брзо. Постои и воз кој работи на еден дел од трасата, но само неколку пати неделно, така што треба да го испланирате патувањето однапред.

Од Ујуни, џипови ве носат во тридневна авантура до чилеанската граница!

На патот има само неколку гостилници, кои можат да се користат за јадење  и за неколку часови сон, но некои од нив дури немаат вода. Исклучок е хотелот од сол – комплетно изработен од сол, дури и креветите се направени од тули од сол! Местото е пристојно, ако имате предвид дека се наоѓа во средина на никаде. Во целата оваа област нема речиси никаде прием на мобилен телефон, така што ќе можете да го префрлите телефонот во режим на авион и да го користите исклучиво за музика и фотографии.

По патот,  сте опкружени со најневеројатен пејзаж: солена пустина, вулкан, шарени лагуни и неизбежните розови фламинго. Боите се неверојатни, небаре некој силно го користел Фотошоп, но тие се реални! Различните бои на лагуните доаѓаат од многу видови на метали со кои е полн Алтиплано. Температурите се исто така неверојатни,  се движат од околу 20 ° C во текот на денот, до -10 ° C ноќе, со студен ветер кој дува непрестајно (надморската височина е над 4000 m).
После 3 дена, ја видовме лагуната Верде и зад неа вулканот Ликакабур, што значеше дека наскоро ќе стигнеме до чилеанската граница и крајот на нашето патување.

Текст и фотографии од Ивана Хашина

Travel Advisor

Посетете го нашиот YouTube канал.

VIVA … МеХико

Патеката на Инките , неодолива со нејзините пејсажи

Чилито херој на глобализацијата

Previous articleАндалузија , едно убаво „парче„ од Шпанија
Next articleАмстердам волшебен и во есен