Travel AdvisorTravel Advisor

The Schladming , четири во една планински ски-области

The Schladming , четири планинска ски-област со 123 километри нон-стоп активни  писти.Скијачката области  ги обединува познатите четири планини Hauser Kaibling, Planai, Hochwurzen и Reiteralm за заедно да се создаде понуда уникатна во цела Австрија: 123  километри писти со 44 модерни гондоли и ски-лифтови за зимско уживање . Пет други мали, но несекојдневни ски-центри, додаваат совршенство  за уживање во скијањето во регионот Schladming-Dachstein.

Hauser Kaibling има „најубави падини“ . Падините на оваа планина се меѓу најдобро подготвените во Австрија. Покрај тоа, гостите  можат да го користат новиот XXL Funslope кој гарантира забава и акција за сите возрасти.

Да ѓи користете ски-патеките на Planai е да одете по стапките на светските шампиони. Откако беше домаќин на две Светски првенства во алпско скијање (во 2013 и 1982 година), Планаи е познат како планина Worl Cup на меѓународната спортска сцена.

Hochwurzen е деноноќна динамика. Ултра модерниот лифт со гондола со 10 седишта може да пренесе до 2.500 луѓе на час до врвот на планината. Падините со различни нивоа на тежина направија бренд за себе како посебна скијачка планина.

Reiteralm се наоѓа на западниот дел на  Scladming. Познато е како планина за тренинг за елитата на скијачкиот свет. Тоа е единствениот скијачки регион во Европа што ја доби наградата Triple Gold ,признание за квалитет во меѓународните оценки за ски-област.

Патниците на новиот лифт Planai можат да очекуваат убаво дизајнирани модерни големи кабини . Кабините главно се конструирани од стакло заедно со посебни седишта од дрво и кожа.

sdr

Се заблагодаруваме на можноста да ги пренесеме овие информации за овој огромен и убав скијачки мега-центар на нашиот соработник Владо Шестан.

frem

Уште еднаш да ги потврдиме фактите за овој прекрасен ски-центар:

Факти за Schladming,
123 километри ски-патеки со врвен квалитет  – сина 47 км, црвена 69 км, црна 9 км
44 жичарници
56 ски-ложи
100% загарантиран снег

Travel Advisor

YouTube

Искуство од прва рака, како изгледа Вал Торенс

Skyway, возење по жица

Уживајте во „Tignes“ ски-центар ремек дело на природата

 

 

Previous articleСите бои на Мароко …
Next articleБожиќ – Рождество Христово