Занзибар од друг агол на убавината

Занзибар од друг агол на убавината

Овде преку еден пример е прикажано со кој тешкотии се среќаваат  инвеститорите во Занзибар но и задоволството од кога ќе се остварат плановите дополнети со прекрасните природни убавини.Инвеститори од Европа сакаа да изградат хотел  во едно мало  одморалиште во Занзибар во Источна Африка, тие не ни замислуваа колку проблематично ќе биде остварувањето на нивниот план.Било потребно тригодишно „пазарење“ само за да ги набават потребните дозволи.Занзибар од друг агол на убавината

Вработиле 200 локални работници и почнале да ја креираат својата визија за луксузно одморалиште покрај крајбрежјето, иако немале искуство во градењето. Нивниот стил бил убав, но нивната неискуство, неизбежно, довело до разочарување кога нивната замисла и реалноста драстично се разликувале. Затоа по две години градење тие сфатиле дека има премногу недостатоци па срушиле сè за да почнат се од почеток.За после неколку години да се створи еден од најубавите ресорти во Занзибар , Tulia Zanzibar all-inclusive 5* boutique beach resort.Занзибар од друг агол на убавината

Замислете да се будите секојдневно до звукот на водата од морето на Индискиот Океан, која се протега на плажата Понгве само 10 чекори подалеку од бунгало.Занзибар од друг агол на убавината

Mожете да јадете  во ресторанот секое време кога сакате, и закуските се достапни во текот на целиот ден. Ако сакате некаква промена или уште поголема изолација можете да го имате. Кратка прошетка по тивката плажа, каде има шатор со перници, па дури и мини бар. Вашиот батлер ќе ве однесе таму со гурмански пикник, а подоцна пред вечерта , тој  ќе дојде  да ве придружува назад до вашиот бунгалов.Занзибар од друг агол на убавината

Секој ден со плимата и осеката, водата се повлекува за стотици метри на некои места и го открива дното на лагуната од песок, корали и алги. Ова е неверојатна можност да се истражи Индискиот Океан пеш и да се види како локалните жители живеат во околните села, заработуваат за живот од риболов и одгледување алги во лагуната.Занзибар од друг агол на убавината

Ова е мирно, со сонце преплавено одморалиште, но може да направете некои екскурзии до градот, гледање делфин, шумски тури во шумата Јозани, градината на мајмуните на колобус .

Travel Advisor

Youtube

Метеора , духовноста на врвот